Импровизирана модна писта, а околу неа многу народ од различни возрасти, возбудени деца, пресреќни што беа во улога на манекени, некои за прв пат, а некои по втор пат на втората манифестација, или модна ревија на деца со попреченост, насловена „Убави сме, свои сме“, што ја организираше Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ од Струмица.
Сите беа облечени во креации од различни бутици од Струмица, но и од градовите од каде доаѓаа, а ги имаше од цела држава. И нивните придружници, познати фаци ги имаше од секаде. Сите тие испратија порака дека под оваа небо сите сме исти и еднакви и посакаа свет без различности.
Годинава домаќин беше хотелот „Вила Парк“. Во големата свечена сала се одржа манифестацијата, и таа беше претесна за толку народ кој дојде да ја даде поддршката на овие деца, но и на нивните родители.
Догодина, веќе традиционална, придружници на децата-манекени ќе бидат нивните родители, така најави организаторката, Анче Туфекчиева, упатувајќи голема благодарност до сите учесници, но и до компании и општините Струмица и Валандово за големата поддршка, оти децата со попреченост заслужуваат внимание и простор да ги истакнат своите квалитети, но потребна е поддршка и подадена рака.
.
.
Фев 17, 2019 Вести
Утрово во Струмица измерени -4°C, најстудено било во Берово -7°C, а максимални 2°C се измерени во Дојран. Времето денеска ќе биде претежно сончево со...
Фев 16, 2019 Вести
Девојките на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица доцна попладнево на домашен терен во спортската сала на „земјоделското“ ги надиграа одбојкарките на ОК „П...
Фев 16, 2019 Вести
Вчера околу 19:00 часот, 17-годишна девојка од селото Баница, кај Струмица се оддалечила од својот дом и не се вратила. Семејството ја барале, не ја п...
Фев 16, 2019 Вести
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во хотелот „Сириус“ во Струмица имаше работната средба со земјоделци...
Фев 15, 2019 Вести
Струмичка Беласица и официјално ги промовираше петте засилувања за пролетниот дел од сезоната, Душан Савиќ, Марио Маслаќ, Матеус Оливеира Да Силва, Ма...
Фев 15, 2019 Вести
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, директорот за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, директорот на Агенцијат...
Фев 15, 2019 Вести
Филип Трајановски е нов играч на ФК „Академија Пандев“. 19-годишниот централен дефанзивец и член на младинската репрезентација на Македонија ја засилу...
Фев 15, 2019 Вести
Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ започна со градежните активностите за поставување на ново улично осветлување на улицата „Младинска“ во гр...