Католичката црква во Македонија стана Епархија, свеченост во Струмица

Сабота, 01 Декември 2018

Католичката црква во Македонија која досега имаше статус на Егзархат прерасна во Епархија, прва во регионот така што соседните држави имаат апостолски егзархати. Свечената академија за инаугурацијата на новооснованата Епархија вечерва се одржа во катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица.

На свеченоста присуствуваше Префектот на Конгрегацијата за Источни цркви, кардиналот Леонардо Сандри кој пренесе благослов од Папата Франциск. Меѓу присутните беа и бискупи и верски претставнции од регионот како и од Франција, Грција, Белорусија, Белгија, Украина и други, а поздравен говор освен кардиналот Сандри имаше и скопскиот бискуп и Епископ струмичко-скопски, д-р Киро Стојанов.

На новинарско прашање дали прераснувањето на католичката црква во Македонија во Епархија ќе значи можност Папата Франциск да ја посети земјата, бидејќи пред неколку недели аргентински медиум објави дека Папата во мај 2019 година ќе дојде во земјата, бискупот Стојанов рече дека тоа не зависи од нив, но дека самата црква, верниците, па и државниот врв, се надеваат на негова посета.

Утре во катедралата во Струмица од 09:00 часот ќе се служи Света Архиерејска литургија, предводена од кардиналот Сандри кој ќе ги прочита Декретите од Светиот Отец Папа за основањето на Епархијата и за устоличувањето на Киро Стојанов за прв Епархиски епископ на новосоздадената Епархија.

ФОТОГАЛЕРИЈА

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Сликарите од „Пресек“ со новите дела пред струмичката публика

Сликарите од „Пресек“ со новите дела пред струмичката публик…

Дек 13, 2018 Вести

Во рамките на празнувањето по повод патрониот празник на Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, синоќа во Изложбениот салон на „З...

Асфалтирaни четири улици во градот со површина од 11.000 метри квадратни

Асфалтирaни четири улици во градот со површина од 11.000 мет…

Дек 13, 2018 Вести

Во изминатиот период се реализираа повеќе градежни зафати како во населените места така и во градот Струмица, а денеска заврши и реализацијата на еден...

Прекин на електричната енергија во реонот околу Брана Турија

Прекин на електричната енергија во реонот околу Брана Турија

Дек 13, 2018 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 14 декември), во периодот од 10:00 до 16:00 часот ќе биде прекинато снабдувањето со еле...

Филмот „Златна петорка“ на Горан Тренчовски достапен и на YouTube

Филмот „Златна петорка“ на Горан Тренчовски достапен и на Yo…

Дек 12, 2018 Магазин

Од вчера, македонскиот долгометражен игран филм „Златна петорка“ на режисерот Горан Тренчовски, филм инспириран од вистинит настан за петтемина струми...

Излезе од затвор поранешниот градоначалник на општина Ново Село

Излезе од затвор поранешниот градоначалник на општина Ново С…

Дек 12, 2018 Вести

Поранешниот градоначалник на општина Ново Село, Боро Стојчев, наместо шест, издржа затворска казна од пет месеци. Тој денеска излезе од затворот во Ст...

Пред младите од југоистокот презентиран проектот Гаранција за млади

Пред младите од југоистокот презентиран проектот Гаранција з…

Дек 12, 2018 Вести

Во рамките на проектот „Младите од руралните средини во поддршка на евроинтеграцијата на Македонија“, спроведуван од CNVP Foundation, денеска во хотел...

Да се поттикнат новитети во земјоделството – Панел дискусија во Струмица

Да се поттикнат новитети во земјоделството – Панел дискусија…

Дек 12, 2018 Вести

Денеска во хотелот „Глигоров“ во Струмица се одржа Панел дискусија на тема „Креирање платформа за калитетен еко систем за развој на иновациите и претп...

Кривична за струмичанец кој вршел обљуба врз девојче со психичка попреченост

Кривична за струмичанец кој вршел обљуба врз девојче со псих…

Дек 12, 2018 Вести

Секторот за внатрешни работи во Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Џ.Д. (32) од Струмица, поради пост...