Пред струмичките бизнисмени презентирана програмата „Шанса за сите”

Петок, 30 Ноември 2018

За 2019 година се обезбедени рекордни 1,1 милијарди денари за Планот за реализирање на мерките за вработување и со овие средства можеме да испланираме повеќе активни мерки за повеќе граѓани“ - истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска на денешната регионална Инфо-бизнис средба „Шанса за сите”, што се одржа во хотелот „Сириус“ во Струмица.

Според Царовска, денес се соочуваме да имаме голема група на невработени граѓани од една страна, а од другата страна има големо побарување на бизнис секторот за квалификувани работници, кои не можат да бидат понудени од страна на Агенцијата за вработување.

Сметам дека новиот Оперативен план ќе биде прилагоден на потребите на бизнис заедницата и ќе може да вклучи што повеќе преквалификација и доквалификација, обука на работно место и исто така законот за практиканство кој е во процедура на носење за да можеме да обезбедиме брзо усогласување меѓу понудата и побарувачката“ - рече министерката Царовска.

На новинарско прашање дали се предвидува зголемување на поддршката за бизнис секторот за ангажирање на соодветна работна рака, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска одговори дека токму со средбите кои се одржуваат по региони ќе може да се слушне нешто ново и да се креираат мерки кои ќе бидат различни од регион до регион и нема да бидат унифицирани.

За директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, најважно е Агенцијата да биде вистински сервис за граѓаните, вистински сервис за невработените и вработените и за работодавачите.

Во текот на 2018 година се реализираа активните мерки и политики за вработување. Од Оперативниот план имавме мерки кои што водеа до директни вработувања, како што беа самовработувањето, субвенционирањето на плати, вработување на лица со посебни потреби, но имавме и активн мерки кои беа насочени кон невработените лица со цел тие да се стекнат со дополнителни вештини и знаења за да бидат обучени како би биле полесно вработливи и би можеле да побараат работа“ - истакна директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска.

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, рече дека општината секогаш ги поддржува програмите кои нудат преквалификација и стручно усовршување.

Свесни за проблемот со недостиг од квалификувана работна сила на пазарот на трудот согласно потребите на бизнис заедницата, иако, мислам дека во Струмица овој тренд се уште не е толку изразен како во други општини, ги поддржуваме сите програми и проекти кои нудат преквалификација и стручно усовршување, пред се, на младите луѓе“ - рече градоначалникот Јаневски.

Вршителот на должност постојана претставничка на УНДП во земјава, Нарине Сахакјан, потенцираше дека заедно со министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и општините го поддржува развојот во последните десет години на проекти за создавање нови работни места.

ФОТОГАЛЕРИЈА

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Фудбалерите на „Академија Пандев“ КУП пехарот го носат во Струмица

Фудбалерите на „Академија Пандев“ КУП пехарот го носат во Ст…

Мај 22, 2019 Вести

ФК „Академија Пандев“ од Струмица е победник на 27-то финале во Купот на Македонија и за првпат по клупската историја го освои трофејот во најмасовнот...

ФИНАЛЕ НА КУПОТ: Академија Пандев по пехар за историја

ФИНАЛЕ НА КУПОТ: Академија Пандев по пехар за историја

Мај 22, 2019 Вести

Фудбалерите на ФК „Академија Пандев“ денеска против ФК „Македонија ЃП“ го игра првото КУП финале во својата историја. Натпреварот се игра на Националн...

Ракометарите на Македонија против Грција, место во Скопје ќе играт во Струмица

Ракометарите на Македонија против Грција, место во Скопје ќе…

Мај 22, 2019 Вести

Ракометната репрезентација на Македонија одново ќе игра натпревар надвор од Скопје. Како што е објавено на официјалната страна „ЕХФ“ Македонија натпре...

Струмичанецот Митко Ников со прва награда за Веб платформа за подобра интерактивна настава

Струмичанецот Митко Ников со прва награда за Веб платформа з…

Мај 22, 2019 Вести

17-годишниот струмичанец Митко Ников, ученик во трета година при СОУ „Јане Сандански“ во Струмица го освои првото место на средношколскиот натпревар з...

Годишен концерт на Музичкото училиште „Боро Џони“ во чест на патронот

Годишен концерт на Музичкото училиште „Боро Џони“ во чест на…

Мај 22, 2019 Вести

Општинското основно музичко училиште „Боро Џони“ од Струмица, синоќа го одржа својот Годишен концерт, во чест на својот патрон - 75 години од убиствот...

Фирма за достава има потреба од работници

Фирма за достава има потреба од работници

Мај 22, 2019 Веб Билборд

Фирма за достава има потреба од работници со полно или скратено работно време. Кандидатите потребно е да имат возачка дозвола од „Б категорија“, а пож...

„Паркиралишта Струмица“ ги обновува пешачките премини во градот

„Паркиралишта Струмица“ ги обновува пешачките премини во гра…

Мај 21, 2019 Вести

За зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, Јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ ја обновува хоризонталната сигнализација в...

ФОТО: Прекрасна убавина! Пречистителната станица за отпадни води прерасна во бајка од сликовниците

ФОТО: Прекрасна убавина! Пречистителната станица за отпадни …

Мај 20, 2019 Вести

Пречистителната станица за отпадни води кај Сачево, во близина на Струмица, од денеска изгледа како бајка од сликовниците. Животински свет, куќички во...