Направените анализи покажаа дека загадување на воздухот во градот Струмица има, пред се во грејната сезона. Од добиените анализи е утврдено дека во најголем дел, загадувањето доаѓа од страна на домаќинствата и тоа во доцните попладневни и вечерни часови.
„Со секојдневно мерење и следење заклучуваме дека загадувањето на нашиот амбиентален воздух во нашата општина е во голема мера и исклучиво во зимските и поладните месеци, кога температурите се пониски и кога масовно се употребуваат грејните тела во нашите домови и со сигурност можеме да кажеме дека тоа е главната причина за загадувањето на нашиот амбиентален воздух“ - вели градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
Советот на општина Струмица, денеска на предлог на градоначалникот донесе Акционен план кој треба да го подобри квалитетот на амбиенталниот воздух во градот Струмица. Предвидени се краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, базирани врз основа на податоците добиени од мерните станици, кои во Струмица за прв пат беа поставени во декември минатата година.
Јаневски апелираше до струмичани да внимаваат какви горива користат во своите домови, пред се ако се користат дрва, да бидат суви, бидејќи влажните дрва многу повеќе емитуваат вакви честички.
„Посебно е опасно користењето во грејните тела на материи кои што не се предвидени за греење, како гуми, иверица, пластика, прегорено улје, тоа се исклучително штетни материи кои што нашиот народ се уште има навика да ги користи и апелирам до наште граѓани вакви горива да не користат во своите домови“ - истакна Јаневски.
.
.
Фев 23, 2019 Спорт
Моќните момци на ОК „Џио Струмица“ продолжуваат да бидат неприкосновени во својата игра. И денеска на свој терен славеа уште една победа над една од н...
Фев 22, 2019 Магазин
Оркестарот на Џамбо Агушев повторно избран за најпопуларен оркестар за изминатата 2018-та година на 22-то издание на мега-популарната манифестација „З...
Фев 22, 2019 Вести
Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, заедно со директорот на ЈПКД „Комуналец“, Зоран Ѓоргиев, денеска беа во Дабиле и Просениково каде...
Фев 22, 2019 Вести
Утре во Спортската сала „Партизан“ во Струмица, одбојкарите на „Џио Струмица“ ќе бидат домаќини на одбојкарите на „Универзитет Тетово“, тим кој по есе...
Фев 22, 2019 Вести
Десеттина планинари од Струмица, Радовиш, Валандово и Неготино денеска од пред споменикот „Македонија“ во големиот Градски парк во Струмица, го започн...
Фев 21, 2019 Вести
Во недела двата Струмички прволигашки клубови „Беласица“ и „Академија Пандев“ повторно ќе се соочат, овој пат на на стадионот „Младост“ во Струмица со...
Фев 21, 2019 Вести
Десеттина планинари од Струмица, Радовиш, Валандово и Неготино утре (петок, 22 февруари), од пред споменикот „Македонија“ поставен во големиот Градски...
Фев 21, 2019 Вести
Во просториите на на Домот на АРМ во Струмица се одржа четвртата Инфо-сесија за јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи 2“ на Фондот за иновации...