Младите во Струмица со возење велосипед низ градот го одбележаа светскиот Ден без автомобили

Четврток, 22 Септември 2022

Денешниот ден 22-ри Септември, покрај тоа што е гласник на почетокот на есента, исто така е важен затоа што се одбележува и светскиот Ден без автомобили.

Како дел од „Европската недела на мобилност“ ширум светот се одбележува овој ден без автомобили кој има за цел да ја крене свесноста кај возрасните за зачувување на чиста, здрава и зелена животна средина, како и применување еколошки транспортни решенија (јавен транспорт, пешачење и велосипедизам). Одбележувањето на овој ден треба да ги поттикне граѓаните да замислат еден поинаков град кој ќе биде во функција на луѓето, а не на автомобилите.

Во рамките на Европската недела на мобилност, во организација на „Europe House“ во Струмица на плоштадот „Гоце Делчев“ и низ улиците на Струмица се одржа настанот „Zero Emission Parade”, кој според организаторите, ова година е помасовен и се приклучиле повеќе од 350 ентузијасти и поддржувачи на урбаната одржлива мобилност.

„Темата на овогодинешната Европска недела на мобилоност „Подобри врски – Better connections“ е посветена да охрабрува промени кај сите нас за да создадеме промени во нашето однесување во корист на активна мобилност, користење јавен превоз и други чисти, паметни одржливи транспортни решенија“ – велат од Европската куќа во Струмица.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов кој беше дел од настанот со својот велосипед, вели дека до посакуваното место се стасува и со велосипед, ако умно си ја определил вистинската цел.

„Јас и мојата Струмица ја знаеме нашата цел - безбедни и здрави со одржлива мобилност. Одбележувајќи ја „Европската недела на мобилност“, денеска ги ставивме автомобилите на „стенд бај“ и им дадовме приоритет на велосипедите со сите нивни предности во однос на функционалноста, животната средина, намалувањето на сообраќајниот метеж и здравјето“ – кажа Костадинов.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Горан Пандев објави емотивно видео од неговата богата фудбалска кариера и напиша „Сакам сите да ве гушнам“

Горан Пандев објави емотивно видео од неговата богата фудбал…

Сеп 24, 2022 Вести

Македонската фудбалска интернационална ѕвезда Горан Пандев кој во минатото играше за Беласица, Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи, Галатасарај, Џен...

ВМРО-ДПМНЕ: Младите да учествуваа во одлуките наместо да се сликаат со градоначалникот Костадинов

ВМРО-ДПМНЕ: Младите да учествуваа во одлуките наместо да се …

Сеп 24, 2022 Вести

Претседателот на Унијата на млади сили при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Иван Угринов на денешната прес конференција со прашања до гр...

Претседателот на турскиот парламент Шентоп е во посета Струмица

Претседателот на турскиот парламент Шентоп е во посета Струм…

Сеп 23, 2022 Вести

Претседателот на Големото Народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, денеска престојува во приватна посета на Струмица. Веста ја објави градоначалн...

Младите во Струмица со возење велосипед низ градот го одбележаа светскиот Ден без автомобили

Младите во Струмица со возење велосипед низ градот го одбеле…

Сеп 22, 2022 Вести

Денешниот ден 22-ри Септември, покрај тоа што е гласник на почетокот на есента, исто така е важен затоа што се одбележува и светскиот Ден без автомоби...

Средношколецот Јанко Мицев денеска е градоначалник на Струмица

Средношколецот Јанко Мицев денеска е градоначалник на Струми…

Сеп 22, 2022 Вести

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, во рамките на проектот „Градоначалник на еден ден“, утрово го промовираше новиот градоначалник, Димит...

Горан Пандев заминува во фудбалска пензија

Горан Пандев заминува во фудбалска пензија

Сеп 22, 2022 Вести

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев и официјално кажа крај на својата играчка фудбалска кариера, заминува во пензија. Тој ова го кажа во инте...

Заврши регионалната конференција во Тирана, градоначалникот Костадинов го промовираше проектот „Струмица – паметен Вело град“

Заврши регионалната конференција во Тирана, градоначалникот …

Сеп 21, 2022 Вести

Регионалната конференција на тема „Безбедни. Зелени. Решенија за паметни градови: Ризик и можности за Западен Балкан“, што се одржа во изминатите два ...

Утре прекин на електричната енергија во Куклиш и во општините Ново Село и Босилово

Утре прекин на електричната енергија во Куклиш и во општинит…

Сеп 21, 2022 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 22 септември) ќе има прекин на електричната енергија во општините Ново Село и Босило...