Градоначалникот Костадинов на регионална конференција - „Безбедни. Зелени. Решенија за паметни градови“ во Тирана

Вторник, 20 Септември 2022

На иницијатива на Американската Администрација поддржано од „AmCham” Албанија и Американската Амбасада во Тирана, Албанија, од денеска до 22 Септември ќе се одржи регионална конференција на тема „Безбедни. Зелени. Решенија за паметни градови: Ризик и можности за Западен Балкан“ (Secure. Green. Smart City Solutions: Risk & Opportunities for Western Balkans), на која учествува и градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.

Целта на иницијаторите е подигнување на јавната свест и соочување со реалноста поврзана со употребата и експлоатацијата на енергијата. Во таа смисла, конференцијата има за цел, во рамки на Западен Балкан, да го акцентира овој проблем и низ искуствата на авторитетите од државите да се видат можностите и потенцијалите кои во оваа област ги имаат градовите во регионот за развој како „паметни“ градови, преку имплементација на иновации, услуги и платформи на различни нивоа.

Во рамки на дводневниот настан организиран во форма на панел дискусии и размена на искуства ќе бидат опфатени теми од областа на енергетиката, екологијата, зелените решенија и урбаниот развој, достапноста и начините на финансирање, технолошките инвестиции, дигитализацијата, сајбер безбедноста, како и за можностите за соработка помеѓу паметните градови. Фокусот ќе биде ставен на паметните градови и нивната улога во иднината, како и трансформацијата на паметните градови преку зелени решенија.

Во рамки на предвидените активности учество ќе заземат голем број раководни структури, одлучувачи и претставници на светски познати компании.

Утре, свое излагање и презентација на тема „Добри практики: Време за Урбан Развој преку Зелени Инвестиции“ ќе има градоначалникот Костадин Костадинов, во кое ќе ги сподели искуствата и практиките кои се применуваат во општина Струмица.

„Со задоволство ја прифатив поканата да бидам еден од учесниците на овој важен настан. Подигнувањето на свеста за експлоатацијата на енергијата, како иницијатива на Американската Администрација е од суштински значај и важност, долгорочно. Струмица е една од општините која во континуитет работи на различни програми и модели кои третираат вакви практики, за кои конкретно ќе дискутираме во Тирана“, изјави Костадинов пред заминувањето за Тирана.

Ова конференција е прва од ваков тип, со фокус на паметните градови во Западен Балкан која на едно место ги обединува лидерите на општините и водечките глобални технолошки компании. На настанот е предвидено да учествуваат околу 24 претставници на водечки технолошки компании и 20 градоначалници од Западен Балкан.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Горан Пандев објави емотивно видео од неговата богата фудбалска кариера и напиша „Сакам сите да ве гушнам“

Горан Пандев објави емотивно видео од неговата богата фудбал…

Сеп 24, 2022 Вести

Македонската фудбалска интернационална ѕвезда Горан Пандев кој во минатото играше за Беласица, Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи, Галатасарај, Џен...

ВМРО-ДПМНЕ: Младите да учествуваа во одлуките наместо да се сликаат со градоначалникот Костадинов

ВМРО-ДПМНЕ: Младите да учествуваа во одлуките наместо да се …

Сеп 24, 2022 Вести

Претседателот на Унијата на млади сили при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Иван Угринов на денешната прес конференција со прашања до гр...

Претседателот на турскиот парламент Шентоп е во посета Струмица

Претседателот на турскиот парламент Шентоп е во посета Струм…

Сеп 23, 2022 Вести

Претседателот на Големото Народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, денеска престојува во приватна посета на Струмица. Веста ја објави градоначалн...

Младите во Струмица со возење велосипед низ градот го одбележаа светскиот Ден без автомобили

Младите во Струмица со возење велосипед низ градот го одбеле…

Сеп 22, 2022 Вести

Денешниот ден 22-ри Септември, покрај тоа што е гласник на почетокот на есента, исто така е важен затоа што се одбележува и светскиот Ден без автомоби...

Средношколецот Јанко Мицев денеска е градоначалник на Струмица

Средношколецот Јанко Мицев денеска е градоначалник на Струми…

Сеп 22, 2022 Вести

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, во рамките на проектот „Градоначалник на еден ден“, утрово го промовираше новиот градоначалник, Димит...

Горан Пандев заминува во фудбалска пензија

Горан Пандев заминува во фудбалска пензија

Сеп 22, 2022 Вести

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев и официјално кажа крај на својата играчка фудбалска кариера, заминува во пензија. Тој ова го кажа во инте...

Заврши регионалната конференција во Тирана, градоначалникот Костадинов го промовираше проектот „Струмица – паметен Вело град“

Заврши регионалната конференција во Тирана, градоначалникот …

Сеп 21, 2022 Вести

Регионалната конференција на тема „Безбедни. Зелени. Решенија за паметни градови: Ризик и можности за Западен Балкан“, што се одржа во изминатите два ...

Утре прекин на електричната енергија во Куклиш и во општините Ново Село и Босилово

Утре прекин на електричната енергија во Куклиш и во општинит…

Сеп 21, 2022 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 22 септември) ќе има прекин на електричната енергија во општините Ново Село и Босило...