Почна да се гради велосипедската инфраструктура – Струмица за „паметен Вело град“

Понеделник, 19 Септември 2022

Од денеска и официјално започнува да се реализира проектот „Струмица – паметен вело град“, со пари како грант обезбеден од фондовите на Европската унија преку кои аплицираше Општина Струмица.

Денеска компанијата „Жикол“ започна да ја гради првата патека во големиот градски парк, од кај Спортската сала кон булеварот „Ленинова“, а за 12 месеци треба да се изградат околу 11 километри велосипедски патеки на асфалтна подлога, долж булеварите и низ десеттина улици за сума од 295.000 евра. Ќе се поставуваат и велосипедски станици на повеќе локации со паметен систем за самоизнајмување на велосипед од една до друга дестинација, а за таа намена ќе се обезбедат околу 150 велосипеди. Ќе се набави попратна опрема за одржување на патеките и велосипедите, а ќе се организираат и кампањи за подигање на јавната свест за немоторизиран транспорт, односно се почесто користење на велосипедот како превозно средство.

„Денеска за време на Европската недела на мобилност со огромна чест и задоволство ве информирам дека започнаа инфраструктурните активности за изградба и обележување на велосипедски патеки во градот Струмица со што Проектот „Струмица - Паметен вело град“ станува реалност. Урбаната мобилност со велосипед има огромен потенцијал во Струмица, бидејќи најголем дел од патувања се на блиски растојанија, а поголем дел од градот е на рамен терен. Велосипедот е транспорт погоден за климата, погоден за здравјето на човекот, погоден за семејниот буџет. Префрлањето на само еден дел од дневните патувања со автомобил, со возење велосипед ќе резултира со намалено загадување на воздухот, намалена бучава, намален сообраќаен метеж и зголемено здравје“ – кажа градоначалникот Костадин Костадинов на денешното официјално стартување на реализација на проектот.

Во оваа фаза од изградбата на велосипедската инфраструктура во градот Струмица се вклучени следните улици и булевари:

- Двонасочна велосипедска патека од Булевар „Ленинова“ до Спортската Сала „Парк“ во должина од 700 метра. Оваа велосипедска патека, од каде што започнаа градежните работи, ќе овозможи одвојување на пешачкиот и велосипедскиот сообраќај низ градскиот парк, ќе создаде дополнителна можност за рекреација на граѓаните, но и поврзување на населбата „Карпош“ со Булеварот „Ленинова“.

- Велосипедска патека од двете страни на Булевар „Ленинова“ во должина од 2,5 километри.

- Велосипедска патека од двете страни на Булевар „Маршал Тито“ во должина од 780 метри.

- Велосипедска патека од двете страни на Булевар „Климент Охридски“ во должина од 3 километри.

- Велосипедска патека на улица „Братство Единство“ во должина од 600 метри.

- Велосипедска патека на улица „24-ти Октомври“ во должина од 310 метри.

- Велосипедска патека на Старата Чаршија во должина од 700 метри.

Велосипедски ленти ќе бидат обележани и на улиците „Ѓуро Салај“, „Сандо Масев“, „Гоце Делчев“, „Балканска“, како и на улиците 4 и 5 во Градскиот парк.

Во рамките на изградбата на велосипедските патеки вклучена е и хоризонтална сигнализација и обележување на велосипедски премини и крстосници, како и поставување на сообраќајни знаци и делинеатори за физичко одвојување на коловозните ленти и велосипедските патеки.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Горан Пандев објави емотивно видео од неговата богата фудбалска кариера и напиша „Сакам сите да ве гушнам“

Горан Пандев објави емотивно видео од неговата богата фудбал…

Сеп 24, 2022 Вести

Македонската фудбалска интернационална ѕвезда Горан Пандев кој во минатото играше за Беласица, Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи, Галатасарај, Џен...

ВМРО-ДПМНЕ: Младите да учествуваа во одлуките наместо да се сликаат со градоначалникот Костадинов

ВМРО-ДПМНЕ: Младите да учествуваа во одлуките наместо да се …

Сеп 24, 2022 Вести

Претседателот на Унијата на млади сили при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Иван Угринов на денешната прес конференција со прашања до гр...

Претседателот на турскиот парламент Шентоп е во посета Струмица

Претседателот на турскиот парламент Шентоп е во посета Струм…

Сеп 23, 2022 Вести

Претседателот на Големото Народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, денеска престојува во приватна посета на Струмица. Веста ја објави градоначалн...

Младите во Струмица со возење велосипед низ градот го одбележаа светскиот Ден без автомобили

Младите во Струмица со возење велосипед низ градот го одбеле…

Сеп 22, 2022 Вести

Денешниот ден 22-ри Септември, покрај тоа што е гласник на почетокот на есента, исто така е важен затоа што се одбележува и светскиот Ден без автомоби...

Средношколецот Јанко Мицев денеска е градоначалник на Струмица

Средношколецот Јанко Мицев денеска е градоначалник на Струми…

Сеп 22, 2022 Вести

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, во рамките на проектот „Градоначалник на еден ден“, утрово го промовираше новиот градоначалник, Димит...

Горан Пандев заминува во фудбалска пензија

Горан Пандев заминува во фудбалска пензија

Сеп 22, 2022 Вести

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев и официјално кажа крај на својата играчка фудбалска кариера, заминува во пензија. Тој ова го кажа во инте...

Заврши регионалната конференција во Тирана, градоначалникот Костадинов го промовираше проектот „Струмица – паметен Вело град“

Заврши регионалната конференција во Тирана, градоначалникот …

Сеп 21, 2022 Вести

Регионалната конференција на тема „Безбедни. Зелени. Решенија за паметни градови: Ризик и можности за Западен Балкан“, што се одржа во изминатите два ...

Утре прекин на електричната енергија во Куклиш и во општините Ново Село и Босилово

Утре прекин на електричната енергија во Куклиш и во општинит…

Сеп 21, 2022 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 22 септември) ќе има прекин на електричната енергија во општините Ново Село и Босило...