Во чест на актерот Игор Маџиров ќе се одржува Фестивал на детски театри

Недела, 18 Септември 2022

Од 30-ти септември до 4-ти октомври во Скопје во организација на Театарот за деца и млади ќе се одржи првиот Интернационален фестивал за детски театри „Игор Маџиров“.

Патронот на новиот фестивал Игор Маџиров, струмичанец, малку повозрасните генерации го паметат како актерот со црвената коса и раскошниот талент. Многумина го знаат како Могли – детето од џунглата, други по улогата во филмот „Пред дождот“, трети по принцот од „Во светот на бајките“, „Македонски народни приказни“, а најмногу и по претставата „Убавицата и ѕверот“, која на сцената на Театарот за деца и млади има над 350 изведби, од кои Игор Маџиров ги има одиграно точно 101.

Игор Маџиров беше дел од актерскиот ансамбл на Театарот за деца и малди, во периодот од 1993 до 20 февруари 2000 година, кога заминува во вечноста. Неговата инспиративна актерска биографија, почнува од најмала возраст. Уште на седум години, тој ја добива својата прва улога во ТВ серијата „Белото циганче“.

Игор Маџиров во себе го чуваше вечното дете, љубопитно за животот и постојан борец за добрината. Весел, често насмеан, ја ширеше својата позитивна енергија кај сите. Тој беше беспрекорно раскошен актерски талент, кој често предизвиците ги наоѓаше и во најтешките ролји.

Токму поради тоа, колективот на Театарот за деца и млади го формираше и фестивалот што ќе го носи неговото име, како порака дека секој од нас треба да го негува и живее детето во себе, да ја ужива слободата и да ги почитува позитивните вредности кај секого.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Горан Пандев објави емотивно видео од неговата богата фудбалска кариера и напиша „Сакам сите да ве гушнам“

Горан Пандев објави емотивно видео од неговата богата фудбал…

Сеп 24, 2022 Вести

Македонската фудбалска интернационална ѕвезда Горан Пандев кој во минатото играше за Беласица, Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи, Галатасарај, Џен...

ВМРО-ДПМНЕ: Младите да учествуваа во одлуките наместо да се сликаат со градоначалникот Костадинов

ВМРО-ДПМНЕ: Младите да учествуваа во одлуките наместо да се …

Сеп 24, 2022 Вести

Претседателот на Унијата на млади сили при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Иван Угринов на денешната прес конференција со прашања до гр...

Претседателот на турскиот парламент Шентоп е во посета Струмица

Претседателот на турскиот парламент Шентоп е во посета Струм…

Сеп 23, 2022 Вести

Претседателот на Големото Народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, денеска престојува во приватна посета на Струмица. Веста ја објави градоначалн...

Младите во Струмица со возење велосипед низ градот го одбележаа светскиот Ден без автомобили

Младите во Струмица со возење велосипед низ градот го одбеле…

Сеп 22, 2022 Вести

Денешниот ден 22-ри Септември, покрај тоа што е гласник на почетокот на есента, исто така е важен затоа што се одбележува и светскиот Ден без автомоби...

Средношколецот Јанко Мицев денеска е градоначалник на Струмица

Средношколецот Јанко Мицев денеска е градоначалник на Струми…

Сеп 22, 2022 Вести

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, во рамките на проектот „Градоначалник на еден ден“, утрово го промовираше новиот градоначалник, Димит...

Горан Пандев заминува во фудбалска пензија

Горан Пандев заминува во фудбалска пензија

Сеп 22, 2022 Вести

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев и официјално кажа крај на својата играчка фудбалска кариера, заминува во пензија. Тој ова го кажа во инте...

Заврши регионалната конференција во Тирана, градоначалникот Костадинов го промовираше проектот „Струмица – паметен Вело град“

Заврши регионалната конференција во Тирана, градоначалникот …

Сеп 21, 2022 Вести

Регионалната конференција на тема „Безбедни. Зелени. Решенија за паметни градови: Ризик и можности за Западен Балкан“, што се одржа во изминатите два ...

Утре прекин на електричната енергија во Куклиш и во општините Ново Село и Босилово

Утре прекин на електричната енергија во Куклиш и во општинит…

Сеп 21, 2022 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 22 септември) ќе има прекин на електричната енергија во општините Ново Село и Босило...