Дрвошанов побара од Општина Струмица да преземе мерки за да им се помогне на граѓани да ја поминат најавената тешка зима

Сабота, 17 Септември 2022

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Жан Дрвошанов денеска преку прес конференција ја повика Општина Струмица да направи посебен штаб или посебно тело и да создаде мерки и идеи со кои ќе им овозможи на одредени категории граѓани да ја поминат најавената тешка зима.

Интегрален текст од прес конференцијата:

Нашата задача како опозиција во Струмица ја остваруваме одговорно  преку целосно следење и објавување на состојбите. Постојано предупредуваме на недоследности во работата на јавните претпријатија и градоначалникот со многу иницијативи и предлози. Нашата обврска пред граѓаните е да го заштитуваме јавниот интерес и позицијата на обичниот поединец.

Во најавите за претстојна тешка зима во економска, енергетска и евентуално здравствена криза нашата загриженост е поврзана со тоа, како нашите сограѓани ќе се справат со предизвикот. Прашањето е што презема Општина Струмица во поглед на претстојните тешки денови и дали има посебен план и идеја за евентуалното надминување на предизвиците.

Во услови на најавена претстојна криза ние сме сведоци дека Општина Струмица планира да вработи 36 нови советници затоа што им се зголемил обемот на работа на постојните. Гледаме дека се предвидени повеќе од сто  нови вработувања во комуналното претпријатие, кое и така поради долгогодишно лошо менаџирање е доведено пред банкрот. И сега фактурира вода во износ од 23 милиони денари на општина Струмица, потоа гледаме и нови задолжувања за промашената инвестиција „Канал на Крушевска Република“. Но, никаде не гледаме некој посебен план и програма за надминување на идните проблеми.

Ребалансот на буџетот покажува дека за Локален економски развој предвидени се тековни оперативни расходи од 14%, додека под ставката – други тековни раходи има реализација на 68%, ама за капитални инвестиции нема ништо. Се направи ребаланс на буџетот, не заради кризата, туку заради исправање на погрешно менаџирање. Или поедноставно кажано: нема предвидено ништо за развојот, односно нема помош за стопанството и граѓаните во поглед на предизвиците на деновите што претстојат.

Во иднина од општината ќе бараме да инвестира повеќе во помош на граѓаните, да има повеќе капитални инвестиции заради стопанството,  стратегија за логичен локален економски развој и поддршка на одредени категории на граѓани и поголема отчетноост наместо парите да се одливаат под ставка - разно. Затоа, ја повикуваме Општина Струмица да направи посебен штаб или посебно тело и да создаде мерки и идеи со кои ќе им овозможи на одредени категории сограѓани да ја поминат најавената тешка зима.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Горан Пандев објави емотивно видео од неговата богата фудбалска кариера и напиша „Сакам сите да ве гушнам“

Горан Пандев објави емотивно видео од неговата богата фудбал…

Сеп 24, 2022 Вести

Македонската фудбалска интернационална ѕвезда Горан Пандев кој во минатото играше за Беласица, Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи, Галатасарај, Џен...

ВМРО-ДПМНЕ: Младите да учествуваа во одлуките наместо да се сликаат со градоначалникот Костадинов

ВМРО-ДПМНЕ: Младите да учествуваа во одлуките наместо да се …

Сеп 24, 2022 Вести

Претседателот на Унијата на млади сили при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Иван Угринов на денешната прес конференција со прашања до гр...

Претседателот на турскиот парламент Шентоп е во посета Струмица

Претседателот на турскиот парламент Шентоп е во посета Струм…

Сеп 23, 2022 Вести

Претседателот на Големото Народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, денеска престојува во приватна посета на Струмица. Веста ја објави градоначалн...

Младите во Струмица со возење велосипед низ градот го одбележаа светскиот Ден без автомобили

Младите во Струмица со возење велосипед низ градот го одбеле…

Сеп 22, 2022 Вести

Денешниот ден 22-ри Септември, покрај тоа што е гласник на почетокот на есента, исто така е важен затоа што се одбележува и светскиот Ден без автомоби...

Средношколецот Јанко Мицев денеска е градоначалник на Струмица

Средношколецот Јанко Мицев денеска е градоначалник на Струми…

Сеп 22, 2022 Вести

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, во рамките на проектот „Градоначалник на еден ден“, утрово го промовираше новиот градоначалник, Димит...

Горан Пандев заминува во фудбалска пензија

Горан Пандев заминува во фудбалска пензија

Сеп 22, 2022 Вести

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев и официјално кажа крај на својата играчка фудбалска кариера, заминува во пензија. Тој ова го кажа во инте...

Заврши регионалната конференција во Тирана, градоначалникот Костадинов го промовираше проектот „Струмица – паметен Вело град“

Заврши регионалната конференција во Тирана, градоначалникот …

Сеп 21, 2022 Вести

Регионалната конференција на тема „Безбедни. Зелени. Решенија за паметни градови: Ризик и можности за Западен Балкан“, што се одржа во изминатите два ...

Утре прекин на електричната енергија во Куклиш и во општините Ново Село и Босилово

Утре прекин на електричната енергија во Куклиш и во општинит…

Сеп 21, 2022 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 22 септември) ќе има прекин на електричната енергија во општините Ново Село и Босило...