СОУ „Јане Сандански“ дел од проект „Роболоко“ во партнерство со субјекти од Норвешка, Германија и Португалија

Петок, 16 Септември 2022

СОУ „Јане Сандански“ од Струмица е дел од неколку проекти кои имаат за цел модернизација на наставата, со иновација на нови методи кои би ги поттикнале учениците да учат со разбирање користејќи технологија.

Еден од тие проекти е и „Роболоко“, Еразмус+ проект кој се имплементира од 2020 година, во соработка со Норд универзитетот од Норвешка, програмерска компанија од Германија и институција за технолошки иновации образованието од Мадеира, Португалија и СОУ „Јане Сандански“, како единствено средно училиште.

Цел на проектот е нова едукативна видео игра, која би помогнала на учениците во компјутерското размислување, каде на забавен начин би учеле програмирање во Python, и би ги совладувале препреките во трката, со цел да испрограмираат робот кој ќе ги победи соучениците додека се тркат на иста патека.

Транснационалниот состанок со сите партнери се одржа од 14 до 16 Септември во Струмица во просториите на СОУ „Јане Сандански“ каде учениците ја тестираа втората верзија на играта со цел да се види интересот кај учениците и можни корекции за финалната верзија. Ова видео игра би била слободна и работи на смарт телефони и таблети, достапни за секој ученик.

Партнерите од Норвешка имаа прилика да го презентираат факултетот , кој е еден од водечките во Европа за ваков вид на индустрија за видео игри и срдечно ги поканија нашите матуранти да бидат нивни студенти, со оглед на поволностите кои ги нуди Норвешка за студирање.

Гостите беа многу задоволни од креативните идеи што ги добија од нашите ученици, како и од нивниот интерес за играта. На проектот работат наставниците по информатика од училиштето, координатор е професорката Софија Тошева, а истиот е со поддршка на директорката Невенка Стојанова.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Горан Пандев објави емотивно видео од неговата богата фудбалска кариера и напиша „Сакам сите да ве гушнам“

Горан Пандев објави емотивно видео од неговата богата фудбал…

Сеп 24, 2022 Вести

Македонската фудбалска интернационална ѕвезда Горан Пандев кој во минатото играше за Беласица, Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи, Галатасарај, Џен...

ВМРО-ДПМНЕ: Младите да учествуваа во одлуките наместо да се сликаат со градоначалникот Костадинов

ВМРО-ДПМНЕ: Младите да учествуваа во одлуките наместо да се …

Сеп 24, 2022 Вести

Претседателот на Унијата на млади сили при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Иван Угринов на денешната прес конференција со прашања до гр...

Претседателот на турскиот парламент Шентоп е во посета Струмица

Претседателот на турскиот парламент Шентоп е во посета Струм…

Сеп 23, 2022 Вести

Претседателот на Големото Народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, денеска престојува во приватна посета на Струмица. Веста ја објави градоначалн...

Младите во Струмица со возење велосипед низ градот го одбележаа светскиот Ден без автомобили

Младите во Струмица со возење велосипед низ градот го одбеле…

Сеп 22, 2022 Вести

Денешниот ден 22-ри Септември, покрај тоа што е гласник на почетокот на есента, исто така е важен затоа што се одбележува и светскиот Ден без автомоби...

Средношколецот Јанко Мицев денеска е градоначалник на Струмица

Средношколецот Јанко Мицев денеска е градоначалник на Струми…

Сеп 22, 2022 Вести

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, во рамките на проектот „Градоначалник на еден ден“, утрово го промовираше новиот градоначалник, Димит...

Горан Пандев заминува во фудбалска пензија

Горан Пандев заминува во фудбалска пензија

Сеп 22, 2022 Вести

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев и официјално кажа крај на својата играчка фудбалска кариера, заминува во пензија. Тој ова го кажа во инте...

Заврши регионалната конференција во Тирана, градоначалникот Костадинов го промовираше проектот „Струмица – паметен Вело град“

Заврши регионалната конференција во Тирана, градоначалникот …

Сеп 21, 2022 Вести

Регионалната конференција на тема „Безбедни. Зелени. Решенија за паметни градови: Ризик и можности за Западен Балкан“, што се одржа во изминатите два ...

Утре прекин на електричната енергија во Куклиш и во општините Ново Село и Босилово

Утре прекин на електричната енергија во Куклиш и во општинит…

Сеп 21, 2022 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 22 септември) ќе има прекин на електричната енергија во општините Ново Село и Босило...