20.000 луѓе со позитивна енергија во ритамот на музиката на големата Get EXITed забава во Струмица, догодина како фестивал

Четврток, 08 Септември 2022

Големиот Get EXITed настан кој синоќа се одржа пред повеќе од 20.000 луѓе во Градскиот парк во Струмица, во организација на „ЕГЗИТ“ тимот, со маратонска музичка програма во траење од повеќе од 10 часа, ги надмина сите очекувања на бројната публика. Со феноменалната атмосфера и енергија, покрај извонредната посетеност која го надмина капацитетот на просторот во кој се одржуваше настанот, оваа забава им парираше на најголемите настани во Македонија и ги најави размерите на новиот Егзитов фестивал чие започнување е планирано за следната година.

Со своите фантастични настапи домашната, но и публиката од Бугарија, Грција и Србија, ја воодушевија водечките имиња од светската и регионалната музичка сцена – славната италијанска техно ѕвезда Дебора Де Лука, глобалниот хитмејкер, продуцент и диџеј Махмут Орхан, неприкосновената балканска трап кралица Сенида, еден од најпознатите регионални диџеи Кристијан Молнар, како и изведувачите од домашната музичка сцена Дина Јашари и Другари, 21 Век и диџеите Гоце САФ и Чваре (Фанки Фреш).

Големата Get EXITed журка ја посети и градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, кој го потенцираше значењето на овој настан во овој момент – „Струмица вечерва слави, во очи на големиот празник 8 септември, ни се случува прекрасен и спектакуларен настан за каков што досега само сонувавме. Вечерва во Струмица се случува Get EXITed и не треба да се трошат зборови за да се сфати вистинското значење на овој музички настан“ – кажа Костадинов.

Основачот и директор на „Егзит“, Душан Ковачевиќ изрази големо задоволство по повод настанот во Струмица и објасни дека Get EXITed е вовед за фестивалот кој ќе се одржи во 2023 година - „ЕГЗИТ фестивалското семејство во моментов е една од најбрзорастечките фестивалски групации на светот со 12 фестивали во седум држави. Сигурни сме дека сите предуслови се тука за и Македонија да добие еден голем фестивал каков што заслужува. Од 20-годишното работно искуство со ЕГЗИТ, гледам дека тука е присутна енергијата која е потребна за да се случи еден таков фестивал“ – кажа Ковачевиќ.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Горан Пандев објави емотивно видео од неговата богата фудбалска кариера и напиша „Сакам сите да ве гушнам“

Горан Пандев објави емотивно видео од неговата богата фудбал…

Сеп 24, 2022 Вести

Македонската фудбалска интернационална ѕвезда Горан Пандев кој во минатото играше за Беласица, Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи, Галатасарај, Џен...

ВМРО-ДПМНЕ: Младите да учествуваа во одлуките наместо да се сликаат со градоначалникот Костадинов

ВМРО-ДПМНЕ: Младите да учествуваа во одлуките наместо да се …

Сеп 24, 2022 Вести

Претседателот на Унијата на млади сили при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Иван Угринов на денешната прес конференција со прашања до гр...

Претседателот на турскиот парламент Шентоп е во посета Струмица

Претседателот на турскиот парламент Шентоп е во посета Струм…

Сеп 23, 2022 Вести

Претседателот на Големото Народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, денеска престојува во приватна посета на Струмица. Веста ја објави градоначалн...

Младите во Струмица со возење велосипед низ градот го одбележаа светскиот Ден без автомобили

Младите во Струмица со возење велосипед низ градот го одбеле…

Сеп 22, 2022 Вести

Денешниот ден 22-ри Септември, покрај тоа што е гласник на почетокот на есента, исто така е важен затоа што се одбележува и светскиот Ден без автомоби...

Средношколецот Јанко Мицев денеска е градоначалник на Струмица

Средношколецот Јанко Мицев денеска е градоначалник на Струми…

Сеп 22, 2022 Вести

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, во рамките на проектот „Градоначалник на еден ден“, утрово го промовираше новиот градоначалник, Димит...

Горан Пандев заминува во фудбалска пензија

Горан Пандев заминува во фудбалска пензија

Сеп 22, 2022 Вести

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев и официјално кажа крај на својата играчка фудбалска кариера, заминува во пензија. Тој ова го кажа во инте...

Заврши регионалната конференција во Тирана, градоначалникот Костадинов го промовираше проектот „Струмица – паметен Вело град“

Заврши регионалната конференција во Тирана, градоначалникот …

Сеп 21, 2022 Вести

Регионалната конференција на тема „Безбедни. Зелени. Решенија за паметни градови: Ризик и можности за Западен Балкан“, што се одржа во изминатите два ...

Утре прекин на електричната енергија во Куклиш и во општините Ново Село и Босилово

Утре прекин на електричната енергија во Куклиш и во општинит…

Сеп 21, 2022 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 22 септември) ќе има прекин на електричната енергија во општините Ново Село и Босило...