Со Панихида на гробиштата и полагање цвеќе пред споменикот во малиот парк беше одбележана годишнината од убиството на петте струмички студенти

Сабота, 13 Август 2022

Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од комунистичкиот режим, беа одбележани утринава со Панихида на струмичките градски гробишта, а пред Споменикот во малиот градски парк беше положено свежо цвеќе од членови на семејствата на убиените студенти, локалната самоуправа на општина Струмица, политички партии и здруженија. Рецитатори од Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица читаа поетски колаж.

За животот и делото на петте студенти говореше Никола Андонов, претседател на Здружението на политички затвореници.

„Кога се зборува за струмичката студентска петорка пожелно е да се каже во кое време тие делуваа. Кои биле нивните визии, желби, идеи и изградена свест за македонска националност, самобитност и припадност. По завршување на Втората светска војна овие нивни напредни идеи и политички ставови ги принудиле како студенти да се вклучат во првите редови за изразување на незадоволството од таквата идеологија и политика на комунизмот. Во 1991 година Македонија стана независна држава и го донесе Уставот како темел за градење на правна, демократска и просперитетна држава, со заштитени граѓански права и желба да стане членка на НАТО и ЕУ, како што била и желбата на петте струмички студенти“ – кажа Андонов.

Горан Тренчовски - За славната петорка

Петтемина славни, тукушто вратени на распуст од поголемите градови каде што студираа, одлучија времето да го поминат заедно. Таа августовска вечер се договорија сите заедно да одат на проекција во Кино „Балкан“. Гледаа филм што раскажуваше за вербата, себичноста и измислувањето. Воедно купија билети и за новиот филм со Лиз Тејлор, што требаше да игра наскоро.
Утредента Маки одлучи да ја побара Ката за жена. Во недалечната Подгорија, во сенката под џиновскиот див костен, тие лежеа прегрнати врз постелата од свежи полуисушени лисја. Ката го одвитка подарокот што ѝ го даде Маки. Кутиче со златен прстен, украсен со ситен камен од рубин. Мешавина од восхит и сјаење. Привремено оттргнати од бестијалните стеги на локалната средина, започнаа да си разменуваат нежни изблици на љубов. Обајцата невини и искрени, сладострасно им се препуштија на чувствата. Под разголениот врат на Ката, над левата града, застана една пчелка. Го доближи жилото до нејзината мека кожа. Боцнувањето предизвика краткотраен болен писок.
Маки, Тони, Бистри, Лева и Крап умееја да сакаат и беа сакани. Ја следеа светската мода и беа многу поразлични од другите. Не читаа само странски книги и не слушаа само џез-плочи. Беа заколнати во старата Библија, со пиштол и кама, вкрстено положени врз неа.
Бараа свое место под сонцето и веруваа дека небото ќе биде на сите.
Секогаш свежо избричени и со чисти чевли, набргу станаа трн во окото на црвените варвари. Ни насон не помислуваа дека една ноќ, додека во живо ечеше песната за рубинот, ќе бидат грабнати од игранката во Летната бавча на Офицерскиот дом. И потоа одведени со камион во долината на дивите костени.
Петорката беше стрелана по кратка постапка. Без повод, ниту пак со причина, само затоа што беа родољуби.
Џиџи, крунскиот сведок во предавството, другар од дете со Маки, се ожени за неговата Ката.
– Кате, сакам да бегаме одовде.
– И јас. Лоши соништа ме мачат.
– Ќе бидеме сами двајцата.
– Да оставиме сѐ зад нас, Џиџи.
– Преку Големата Бара.
– Не сакам повеќе да стапнам тука.
– А што ако нѐ запрат, на граница?
Сепак, Џиџи и Ката не успеаја да отпатуваат никаде и двајцата останаа долго заробени дома, под превезот на гревовите.
Низ годините што се нижеа, клеветниците на петорката стекнуваа лажна слава, за да прокоцкаат на крајот сè, за грст сребреници и шише мастика.
Мистериите довикуваат чудни спомени. Но неправдите со нив остануваат нерешени. Само носталгијата успева да ги крепи душите и да ги залечува раните.
Никогаш повеќе да не се повтори времето кога поради идеја се убиваше, а поради мисла се умираше. Проклета да е историјата, проклета да е наивноста со која и убиваме и умираме во земја во која не се гледаме едни со други, туку гледаме само идеи. Идеи што ненаситно нè јадат и живи нè горат.

© Горан Тренчовски, „Крунски панагон“, Антолог, Скопје, 2022.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Горан Пандев објави емотивно видео од неговата богата фудбалска кариера и напиша „Сакам сите да ве гушнам“

Горан Пандев објави емотивно видео од неговата богата фудбал…

Сеп 24, 2022 Вести

Македонската фудбалска интернационална ѕвезда Горан Пандев кој во минатото играше за Беласица, Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи, Галатасарај, Џен...

ВМРО-ДПМНЕ: Младите да учествуваа во одлуките наместо да се сликаат со градоначалникот Костадинов

ВМРО-ДПМНЕ: Младите да учествуваа во одлуките наместо да се …

Сеп 24, 2022 Вести

Претседателот на Унијата на млади сили при Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Иван Угринов на денешната прес конференција со прашања до гр...

Претседателот на турскиот парламент Шентоп е во посета Струмица

Претседателот на турскиот парламент Шентоп е во посета Струм…

Сеп 23, 2022 Вести

Претседателот на Големото Народно собрание на Турција, Мустафа Шентоп, денеска престојува во приватна посета на Струмица. Веста ја објави градоначалн...

Младите во Струмица со возење велосипед низ градот го одбележаа светскиот Ден без автомобили

Младите во Струмица со возење велосипед низ градот го одбеле…

Сеп 22, 2022 Вести

Денешниот ден 22-ри Септември, покрај тоа што е гласник на почетокот на есента, исто така е важен затоа што се одбележува и светскиот Ден без автомоби...

Средношколецот Јанко Мицев денеска е градоначалник на Струмица

Средношколецот Јанко Мицев денеска е градоначалник на Струми…

Сеп 22, 2022 Вести

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, во рамките на проектот „Градоначалник на еден ден“, утрово го промовираше новиот градоначалник, Димит...

Горан Пандев заминува во фудбалска пензија

Горан Пандев заминува во фудбалска пензија

Сеп 22, 2022 Вести

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев и официјално кажа крај на својата играчка фудбалска кариера, заминува во пензија. Тој ова го кажа во инте...

Заврши регионалната конференција во Тирана, градоначалникот Костадинов го промовираше проектот „Струмица – паметен Вело град“

Заврши регионалната конференција во Тирана, градоначалникот …

Сеп 21, 2022 Вести

Регионалната конференција на тема „Безбедни. Зелени. Решенија за паметни градови: Ризик и можности за Западен Балкан“, што се одржа во изминатите два ...

Утре прекин на електричната енергија во Куклиш и во општините Ново Село и Босилово

Утре прекин на електричната енергија во Куклиш и во општинит…

Сеп 21, 2022 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 22 септември) ќе има прекин на електричната енергија во општините Ново Село и Босило...