Вечерва на затворањето на „Астерфест“ премиера на филмот „Трн“

Вторник, 09 Август 2022

Вечерва во 20:30 часот во Амфитетарот во големиот струмички парк премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Трн“ на Столе Ангелов и Никола Пијанманов, со кој се затвора годинашното издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“.

Документарниот филм „Трн“ е посветен на актерот и граѓански борец и активист Стојан Велков Трн. Во филмот се опфатени повеќе фази од неговиот живот, но најбитен е психолошкиот пресек на неговиот внатрешен свет, духовна борба која во еден дел ќе премине во немилосрдна борба со општото зло. Филмот е поделен на пет дела: „Земја“, „Молк“, „Театар“, „Бунт“ и „Дом“.

Трн е човек чии живот и уметност се преклопуваат во идеална синтеза. Нема ништо противречно во неговата дива и незауздана природа да го спаси светот од еколошката и морална катастрофа. Тој тоа го прави преку уметноста и животот. Тој е човек кој секогаш ја кажува вистината, но и актер кој ја преиспитува таа вистина и можностите на човековата слобода да го избере доброто или злото.

Во делот „Театар“, Трн се подготвува за својата најголема улога, улогата на Луцифер во драмата „Каин“ на Џорџ Гордон Бајрон. Тука е тој олицитворение на пра злото кое ги истражува можностите на своите дејствија врз човекот. На сцената Трн ги поставува најважните прашања - Дали постои Бог и зошто човекот е оставен сам да се справува со мачнотиите на постоењето? Зошто Каин го уби брата си во изгрејсонцето на човештвото? Дали може некогаш ѓаволот да се покае и врати во доброто? Може ли на крајот да победи вистината?

Театарот е поле во кое се судираат вистината и лагата, доброто и злото, ѓаволот и Бог.

Во делот „Молк“ тој стои сам меѓу незаинтересираната толпа на градскиот плоштад и со запечатена уста и молчење протестира против суровиот капитализам кој сака во најплодната почва (каде самиот живее), да отвори смртоносен рудник. Трн е столб на движењето кое се бори со заканите на смртоносната инвестиција во струмичката котлина.

Во делот „Бунт“ Трн е исправен како водич на слободоумни луѓе кои протестираат против подмолната партизација и корупција во културата. „Департизација на културата“ е мотото кое го води во бескомпромисна борба со системот и нефункционалното Министерство за култура.

Во деловите „Земја“ и „Дом“ тој е целиот внесен во коренот на својата природа и живот. Човек од природата кој сака да ги разбере и пренесе законитостите на природата и чистотата на земјата врз своите деца и фамилија. Борец кој со свои раце ја прави обновата за која се залага во платформите на еколошката револуција. Тој е самиот пример за идејата! Неговиот дом е оазата, простор на смирението, оган и најмногу светлина која му дава смисла за секојдневната борба која ја води со светот што личи на една голема театарска сцена.

Самиот ќе каже во еден монолог - Не влегувај во борба ако не се спремен да загубиш сé!

Филмот „Трн“ е документ за еден човек кој не се предава, човек кој од својот живот прави уметност, а од уметноста нов живот.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигит…

Окт 04, 2022 Вести

Во среда, на 5-ти октомври, со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи отворен едукативен настан на тема „Кариерни...

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир во Србија

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир в…

Окт 04, 2022 Вести

Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“, викендов имаше своја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска...

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичка сила врз лице кое е лишено од слобода

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичк…

Окт 03, 2022 Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник ...

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реонот околу Дрвош

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реон…

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 4 октомври) планира прекин на електричната енергија од 09:30 до 15:00 часот во реонот околу населеното...

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две момчиња, едно од струмичко Ново Село, украле туѓи лични податоци и земале брз кредит. Првопријавениот, М.М.(28) од Прилеп, вработен во финанс...

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалидска количка помина 42 километри на „Скопскиот Маратон 2022“

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалид…

Окт 03, 2022 Вести

Вчера се одржа 18-от „Виз Ер Скопски маратон“ на кој трчаа дури 8500 учесници од 47 држави. Меѓу ова голема бројка на учесници беше и 45-годишниот стр...

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Ap…

Окт 02, 2022 Вести

Вчера и денеска Струмица и СОУ „Димитар Влахов“ беа домаќини на најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“. Првото место за најкреатив...

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрира првиот несовесен граѓанин кој пали отпад

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрир…

Окт 01, 2022 Вести

Општина Босилово од неодамна целосно ја огради депонијата кај Босилово, постави соларни камери, порта за влез-излез на возила за складирање на от...