Кон наградите од официјалното жири на 17-от „Астерфест“

Понеделник, 08 Август 2022

Официјалното жири на 17-тиот „Астерфест“ во состав: Владимир Перовиќ, Мими Ѓоргоска-Илиевска, Мимоза Рајл, Столе Ангелов, донесе одлука и кратко образложение за наградите за кратките филмови во компетитивната програма.

Златна потковица – СВЕДОК на Али Азгари (Иран / Франција):

Во реалноста, пред нашите очи се случуваат настани и се менуваат сликите на животот во еден навидум обичен ден. Таквите настани трајно можат да го изобличат нашиот живот, и да бидат ужасен товар што ќе не следи сè до судниот ден.

Сребрена потковица – БОЖИЛАК на Александар Вујовиќ (Црна Гора / Италија / Албанија):

Одблесоци на сеќавањата и една суптилно и чудесно раскажана приказна за тоа како детството е доминантно во трасирањето и отворањето на волшебните светови на уметникот.

Бронзена потковица – ВО МОЈОТ УМ на Мартин Стренџ-Хансен (Данска):

Убедлива, трогателна, иако на прв поглед чудна, приказна за верноста и вечната љубов.

Награда за најдобар автор Ацо Алексов – ВУЈКО МИ ТУДОР на Олга Луковницова (Молдавија / Португалија / Унгарија / Белгија):

Знаејќи дека најтешкото во документарниот филм е поставувањето на најдлабоките човекови прашања и највнатрешните негови трауми, храбрата авторка тоа го прави фасцинантно со еден извонреден филмски јазик.

Награда за најдобро сценарио „Ѓорги Абаџиев“ – ЏЕЛАТОТ ДОМА на Мајкл и Ури Кранот (Франција / Данска / Канада):

За залудноста и празнотијата на животот – од реалноста до песна, од песна до сценарио, беше тоа една деликатна задача за овој брачен режисерски пар.

Специјална диплома од жирито – РАСЕЛЕНИ на Самир Карахода (Косово):

Длабокоумна авторска порака за траумите на луѓето во невозможноста да го изразат сопствениот потенцијал во својот дом.

Фестивалот продолжува вечерва со проекција на филмот „Журнал за Желимир Жилник“ на Јанко Баљак, во чест на лауреатот, и утревечер со специјалната премиерна проекција на македонскиот документарен филм „Трн“ на авторите Никола Пијанманов и Столе Ангелов.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и опрема од Дирекцијата за заштита и спасување

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и о…

Сеп 30, 2022 Вести

Денеска 14 нови возила со водена пумпа за гасење пожари добија Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, К...

Се бара возач за такси автомобил

Се бара возач за такси автомобил

Сеп 30, 2022 Веб Билборд

Се бара возач за такси автомобил за во Струмица и регионот. Кандидатот да има положено најмалку за „Б“ категорија. Пријавување и повеќе информации на:...

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу покриениот дел на каналот „Крушевска Република“

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу пок…

Сеп 30, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

За сите граѓани коишто живеат покрај каналот „Крушевска Република“ во градот Струмица, особено оние околу покриениот дел, градоначалникот Костадин Кос...

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализација на „Младинска“

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализац…

Сеп 30, 2022 Вести

ЈПКД „Комуналец“ почна со реализацијата на најавениот проект за реконструкција на постојната и изградба на нова атмосферска канализација на улицата „М...

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за македонскиот фудбал

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за…

Сеп 29, 2022 Вести

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда Горан Пандев, деновиве објави крај на активната кариера, но не мирува и работи на нов проект за доброто ...

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дукатино, Радичево и Сушево

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дука…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 30 септември), во периодот од 09:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат: Но...

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно лице

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно ли…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вчера, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.З.(40) од село Босилово, струмичко. При претрес на негови...

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за комунални услуги

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за ком…

Сеп 28, 2022 Вести

На денешната седница на Советот на општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов на советничко прашање кажа дека за струмичани нема да има пок...