Повеќе од 10 години Македонците од дијаспората кои потекнуваат од регионот на општината Босилово, во овој период се собираат на заедничко дружење и забава на традиционалната „Иселеничка средба 2022“, која се одржа синоќа во дворот на училиштето „Гоце Делчев“.
Добредојде и пријатен престој во родниот крај на синоќешната „Иселеничка средба“ им посака градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев, а за доброто расположение со традиционални, но и новосоздадени македонски песни се погрижија нашите естрадни уметници Стојне Николова и Марјан Коцев.
„За жал судбината сакала Македонците низ вековите, низ годините и до ден денес да бидат распространети ширум светот. Македонската песна и македонската музика е таа која ја одржува врската помеѓу нашиот народ во дијаспората и родниот крај. Целта на овие средби е да се обноват пријателствата и дружбите помеѓу Македонците кои останаа овде и Македонците ширум светот“ – кажа во изјавата за медиумите градоначалникот Манчев.
Годинава „Иселеничката средба“ е во рамките на манифестацијата „Босилово – Културно лето“ кое започна минатиот месец и ќе трае до крајот на август со дваесеттина настани, меѓу кои се концерти, ликовни изложби и работилници, поезија и литературно читање.
.
.
Авг 15, 2022 Вести
Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...
Авг 13, 2022 Вести
Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...
Авг 13, 2022 Веб Билборд
„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...
Авг 13, 2022 Вести
Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...
Авг 12, 2022 Вести
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...
Авг 12, 2022 Вести
Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...