Испечатете ја страната

Во Струмица повторно „Астерфест“, вечерва е отворањето на 17-то издание

Петок, 05 Август 2022

Под мотото „Светлините на астерот“, од вечерва до 9 август во Струмица ќе се одржи 17-то издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. На отворањето ќе биде прикажан блок составен од седум ексклузивни кратки играни филма: македонскиот „Северен пол“ (со Антонија Белазелкоска и Лука Митев) на Марија Апцевска, црногорскиот „Божилак“ на Александар Вујовиќ, австралискиот „Ајкула“ на Наш Едгертон, данскиот „Во мојот ум“ на Мартин Странџ Хансен, американскиот „Писмарницата“ (со Оскар Исак) на Елвира Линд, иранскиот „Сведок“ на Али Асгари и белгиско-францускиот „Титан“ на Валери Карној.

Втората вечер ќе биде прикажан блокот со кратки документарни филмови: полскиот „Балконски концерт“ на Diana и Krzysztof Kadłubowski, шкотскиот „Поглед на заливот“ на Даниел Кук, косовскиот „Раселени“ на Самир Карахода, молдавскиот „Вујко ми Тудор“ на Олга Луковницова, како и американскиот „Кралицата на кошарката“ на Бен Праудфут.

Фестивалот продолжува со анимираните филмови: британско-полскиот „Домашар“ на Ewa Smyk, чешкиот „Мравкин рид“ на Марек Напрстек, словенечкиот „Стекџилница“ на Спела Кадез, бугарскиот „Вљубени черупки“ на Свилен Димитров, мексиканскиот „Тио“ на Хуан Хозе Медина и данскиот „Џелатот дома“ на Ури и Мишеле Кранот.

Четвртата вечер е предвидена за проекција на остварување во чест на годинашниот лауреат на наградата „Астер“, Желимир Жилник, легендата на југоисточноевропскиот филм, автор на низа култни филмови, меѓу кои и „Рани трудови“ за кој ја доби наградата „Златна мечка“ во Берлин. Филмот на еминентниот автор од Белград Јанко Балјак е насловен „Журнал за Желимир Жилник“.

За затворањето на 9 август, ќе има специјална премиера на најновиот македонски документарец „Трн“ на Никола Пијанманов (сценарио) и Столе Ангелов (кинематографер и монтажер). Се работи за суптилна и моќна филмска приказна за актерот и граѓански борец и активист Стојан Трн Велков. Дизајнот на звукот е на Ставро Ангелаков, а во филмот, покрај Трн, учествуваат и Саше Урдовски, Васе Велков, Исидора Велкова и Дејан Ангелов, кој е и уметнички соработник на проектот.

Стручното официјално жири кое ќе ги оценува филмовите е составено од Мими Ѓоргоска, Владимир Перовиќ, Мимоза Рајл и Столе Ангелов. Вечерните проекции започнуваат од 20:30 часот во летниот Амфитеатар во Градскиот парк, а придружните настани ќе бидат во Europe House Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Окт 06, 2022 Вести

Владата на денешната седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа одлука, на предлог на ...

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Окт 06, 2022 Веб Билборд

Хотел „Studio Inn“ од Струмица има потреба од рецепционер за работа во ноќна смена. Подетални информации и пријавување на: 034 331 851...

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените таму ќе паѓаат до -35%, а следуваат и многу награди за потрошувачите

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените та…

Окт 05, 2022 Магазин

Се ближи 9-от роденден на најголемиот салон за мебел во Македонија „Home by Almak“ на струмичкиот бренд „Алмак“, препознатлив цели 27 години кај нас и...

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот сепак ќе го одигра во Струмица

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ К…

Окт 05, 2022 Вести

Македонскиот одбојкарски шампион „Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот, сепак ќе го одигра на домашен терен. Со оглед на т...

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Окт 05, 2022 Вести

Како резултат на успешната соработка помеѓу општините Босилово (Македонија) и Грмен (Бугарија), преку програмата за прекугранична соработка, во наредн...

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Окт 05, 2022 Вести

Следејќи го успешниот пример на работата на мобилните гинеколошки амбуланти низ различните општини во државата во текот на оваа година, Македонската а...

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на струмичкиот плоштад ја одбележаа Детската недела

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на стру…

Окт 05, 2022 Вести

Денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица беше разиграно, распеано, весело, се слушаше детскиот џагор. Околу 350 деца од предшколска возраст од Ј...

Пуштено во употреба новото повеќенаменско спортско игралиште во дворот на Домот на АРМ

Пуштено во употреба новото повеќенаменско спортско игралиште…

Окт 05, 2022 Вести

Струмица доби уште еден современ отворен спортски терен за сите љубители на спортските активности. Повеќенаменското спортско игралиште во дворот на Д...