На Мокринските извори, Општина Ново Село го чествуваше празникот Илинден. Општината заедно со здруженијата „Иван Василевски“ и „Кво Вадис Ад Астра“ организираа книжевно-уметнички настан за да се одбележи најсветлиот и најсветиот македонски национален празник.
Напладне на Мокринските Извори се одржа книжевно-уметничкиот настан „Илинден е љубов“ со богата уметничка програма во која се читаа стихови од најголемите македонски поети, во интерпретација на членовите на ЗГ „Иван Василевски“. Беседа за Илинден имаше д-р Ана Витанова-Рингачева, а музичкиот дел го направија Елисавета Бончева, Боби Ѓошиќ и бендот „Фортуна“ од Скопје. Програмата беше збогатена со настапот на играорците од КУД „Јане Сандански“ од Ново Село, под раководство на Александар Шопов, а младите сликари од ликовната секција од општинска установа Дом на културата „Јане Сандански“, под менторство на академскиот сликар и директор, Ѕвонко Тилев создадоа нови дела.
За двата Илиндена говореше градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов.
„Љубовта на обесправениот народ кон Македонија и природниот стремеж за слободна држава, придонела да десетици херои и народни борци, ги положат своите животи, за слобода и човечки правдини. Токму Илинден е крикот на поробениот Македонец, чија столетна борба за слобода и човечки правдини трае и до ден денешен. Македонецот низ историјата, бил исправен пред бројни предизвици, понижувања, прогони, но идеата за сопствено парче земја и независност од страни окупатори, никаква тортура не ја избришала од генот на Македонецот“ – кажа во своето обраќање градоначалникот Божинов.
.
.
Авг 15, 2022 Вести
Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...
Авг 13, 2022 Вести
Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...
Авг 13, 2022 Веб Билборд
„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...
Авг 13, 2022 Вести
Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...
Авг 12, 2022 Вести
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...
Авг 12, 2022 Вести
Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...