Општина Струмица денеска со пригодна свеченост пред споменикот на Гоце Делчев на плоштадот во Струмица ги одбележа двата Илиндена, 119 години од Илинденското востание и 78 години од Првото заседание на АСНОМ.
Свежо цвеќе пред споменикот положија претставници на Советот на општината, на Општинскиот одбор на Сојузот на борците и нивните следбеници, на политичките партии и локални институции.
За значењето на празникот говореше Елена Маѓеровска Паликарова, член на Советот на општина Струмица.
„Во тоа мноштво од празници испишани со црвено, сепак постои еден кој стожерно е исправен над сите останати. Тоа е денот над деновите, тоа е празникот над празниците, тоа е квасецот на нашата гордост. За Денот на Републиката станува збор, за тој преголем Илинден кој се задомил во нашите срца за да ги растреперува од возбуда на секој 2 Август“ - кажа Маѓеровска Паликарова.
Во чест на празникот, револуционерна поезија рецитираа членови на рецитаторската секција во Домот за деца и млади „Благој Мучето“.
.
.
Авг 15, 2022 Вести
Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...
Авг 13, 2022 Вести
Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...
Авг 13, 2022 Веб Билборд
„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...
Авг 13, 2022 Вести
Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...
Авг 12, 2022 Вести
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...
Авг 12, 2022 Вести
Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...