Вечерва ФК „Беласица“ ќе слави голем јубилеј – 100 години од основањето на клубот

Недела, 31 Јули 2022

Вечерва на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, Фудбалскиот клуб „Беласица“ ќе го слави својот 100-ти роденден – еден век од основањето на клубот, кој официјално е основан на 13-ти Август 1922 година.

Со низа активности и фудбалски натпревар меѓу ФК „Беласица“ и „Брегалница“ вечерва од 19:45 часот на стадионот „Благој Истатов“, управата на клубот под водство на Славчо Васков Пинда ќе го одбележат овој голем и значаен јубилеј за клубот кој е гордост на струмичани.

Инаку, според историските информации играта фудбал во градот Струмица ја донеле англиските војници кои биле стационирани во градот по пробивот на Солунскиот фронт, кои им ја покажале играта на струмичани. Фудбалот добил своја популарност во градот и се играл неколку години пред да се формира првиот клуб ФК „Беласица“ во 1922-та година. Тогаш на 13-ти август во една струмичка кафана се собрале 50-тина другари, пријатели, главно занаетчии, иницирале собир на кој основале фудбалски клуб насловен по името на планината Беласица. Тие за прв претседател го избрале Ѓорги Москов.

„Беласица“ игра важна улога во македонскиот фудбал и често е претставувана како „фудбалски расадник на таленти“. Школата на ФК „Беласица“ важи за една од најдобрите во Македонија. Клубот има дадено повеќе играчи за националната репрезентација меѓу кои се Горан Пандев, Ацо Стојков, Игор Ѓузелов, браќата Роберт и Горан Попов, Зоран Балдовалиев, Данчо Масев и други.

Во периодот на СФР Југославија, највисокото натпреварување во кое настапувала „Беласица“ била Втората сојузна лига. Во независна Македонија клубот учествува во формирањето на Првата лига. Во 2002 и 2003 година е вице-шампион на Македонија и за првпат игра во УЕФА Купот.

Најпознатиот фудбалер на Беласица е македонскиот репрезентативец Горан Пандев. Овде се вбројува и легендата на клубот, голманот Благој Истатов, по кој во Септември 2019-та ФК „Беласица“ го именуваше својот стадион.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Од вечерва до петок музички концерти на „Струмица Опен фестивал“ на сцената кај езерцето

Од вечерва до петок музички концерти на „Струмица Опен фести…

Авг 15, 2022 Вести

Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...

Со Панихида на гробиштата и полагање цвеќе пред споменикот во малиот парк беше одбележана годишнината од убиството на петте струмички студенти

Со Панихида на гробиштата и полагање цвеќе пред споменикот в…

Авг 13, 2022 Вести

Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...

Бензинска станица „БЕНЗОИЛ“ вработува

Бензинска станица „БЕНЗОИЛ“ вработува

Авг 13, 2022 Веб Билборд

„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петт…

Авг 13, 2022 Вести

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...

Општина Василево и бугарската општина Кресна потпишаа договор за партнерство

Општина Василево и бугарската општина Кресна потпишаа догово…

Авг 12, 2022 Вести

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...

Величе Каралијска ќе игра за ОК „Наковски Волеј“

Величе Каралијска ќе игра за ОК „Наковски Волеј“

Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...

Во Полициска станица приведено 21-годишно момче, се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка

Во Полициска станица приведено 21-годишно момче, се сомничи …

Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со донација за јунаците Македон и Амир

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со донација за ј…

Авг 12, 2022 Вести

Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...