„Get EXITed“ (Гет ЕГЗИТед) забавата пристигнува во Струмица. Големиот еднодневен настан, во организација на тимот на ЕГЗИТ Фестивалот и во соработка со градот Струмица, ќе биде одржан во среда, 7 септември со настапи на познати интернационални и регионални музички ѕвезди. Целата листа на изведувачи и местото на одржување ќе бидат објавени наскоро, како и почетокот на продажбата на првиот контингент влезници.
Единствениот концепт на „Get EXITed“ музичкиот настан беше претставен на денешната прес-конференција во Струмица, на која говореа градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и претставници на ЕГЗИТ.
„Get EXITed“ пристигнува на 7 септември во Струмица. Ветуваме многу дружење, добра музика и убави изнанадувања. Ги повикувам сите народи на Балканот да дојдат во Струмица, за заедно да започнеме едно убаво и големо поглавје на нашиот отворен Балкан“ – кажа градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
„Од самото основање на ЕГЗИТ постои голема врска помеѓу Македонија и нашиот фестивал, која ја одржуваме веќе две децении, а сега е време и ние да свратиме кај вас. Бидејќи врските помеѓу нашите земји се нераскинливи, токму поради историјата и заедничката култура, многу ни е драго што во семејството на ЕГЗИТ-настаните конечно ни се придружува и Македонија, а почетокот на оваа соработка е токму големиот Get EXITed музички настан во септември во Струмица. Една од основните визии на овој проект е вовед во креиреањето на новиот македонски фестивал следната година, кој ќе стане нова важна туристичка атракција на Балканот. Но во овој момент фокусот ни е на големата Get EXITed журка. Многу сме возбудени што конечно ќе се собереме со нашата македонска екипа“ – кажа Зорица Чадановиќ од тимот на ЕГЗИТ.
Инаку, Општина Струмица во финансиската конструкција на „Гет ЕГЗИТед“ забавата ќе учествува со 3 милиони денари (околу 50.000 евра) од ставката обезбедени за „Струмица Опен фестивал“.
.
.
Авг 15, 2022 Вести
Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...
Авг 13, 2022 Вести
Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...
Авг 13, 2022 Веб Билборд
„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...
Авг 13, 2022 Вести
Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...
Авг 12, 2022 Вести
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...
Авг 12, 2022 Вести
Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...