Од 5 до 9 август во Струмица 17-то издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“

Вторник, 26 Јули 2022

Од 5 до 9 август во Струмица, под мотото „Светлините на астерот“, ќе се одржи 17-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“.

Лауреат на наградата Астер за животно дело од областа на филмската уметност е легендата на југоисточноевропскиот филм Желимир Жилник, автор на низа култни филмови, меѓу кои и „Рани трудови“ за кој ја доби наградата „Златна мечка“ во Берлин.

На отворањето на 5 август вечерта ќе биде прикажан блок составен од 7 ексклузивни кратки играни филма: македонскиот „Северен пол“ на Марија Апчевска, црногорскиот „Божилак“ на Александар Вујовиќ, австралискиот „Аjкула“ на Наш Еџертон, данскиот „Во мојот ум“ на Мартин Стренџ-Хансен, американскиот „Писмарницата“ на Елвира Линд, иранскиот „Сведок“ на Али Азгари и белгиско-францускиот „Титан“ на Валери Карној.

Втората вечер ќе се прикаже блокот со кратки документарни филмови: полскиот „Балконски концерт“ на Дијана и Кжиштоф Кадлубовски, шкотскиот „Поглед на заливот“ на Даниел Кук, косовскиот „Раселени“ на Самир Карахода, молдавскиот „Вујко ми Тудор“ на Олга Луковницова, како и американскиот оскаровец „Кралицата на кошарката“ на Бен Праудфут.

Третата вечер ќе бидат прикажани анимираните филмови: полско-британскиот „Домашар“ на Ева Смик, чешкиот „Мравкин град“ на Марек Напрстек, словенечкиот „Стекџилница“ на Шпела Чадеж, бугарскиот „Вљубени черупки“ на Сливен Димитров, мексиканскиот „Тио“ на Хуан Хозе Медина и данскиот „Џелатот дома“ на Мајкл и Ури Кранот.

Четвртата вечер е предвидена за проекција на филмот во чест на овогодишниот лауреат, „Журнал за Желимир Жилник“ на Јанко Баљак.

За затворањето на 9 август ќе има специјална премиера на најновиот македонски документарец „Трн“ на Никола Пијанманов (сценарио) и Столе Ангелов (кинематографер и монтажер). Филмот „Трн“ е суптилна и моќна филмска приказна за актерот и граѓански борец и активист Стојан Велков Трн. Дизајнот на звукот е на Ставро Ангелаков, а во филмот, покрај Трн, учествуваат и Саше Урдовски, Васе Велков, Исидора Велкова и Дејан Ангелов, кој е и уметнички соработник на проектот.

Стручното официјално жири е составено од Мими Ѓоргоска-Илиевска, Владимир Перовиќ, Мимоза Рајл и Столе Ангелов.

Сите вечерни проекции започнуваат  од 20:30 часот, во летниот Амфитеатар во Градскиот парк, а придружните настани ќе бидат во „Европска куќа“ (Europe House) во Струмица.

Фестивалот „Астерфест“ е поддржан од Општина Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Од вечерва до петок музички концерти на „Струмица Опен фестивал“ на сцената кај езерцето

Од вечерва до петок музички концерти на „Струмица Опен фести…

Авг 15, 2022 Вести

Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...

Со Панихида на гробиштата и полагање цвеќе пред споменикот во малиот парк беше одбележана годишнината од убиството на петте струмички студенти

Со Панихида на гробиштата и полагање цвеќе пред споменикот в…

Авг 13, 2022 Вести

Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...

Бензинска станица „БЕНЗОИЛ“ вработува

Бензинска станица „БЕНЗОИЛ“ вработува

Авг 13, 2022 Веб Билборд

„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петт…

Авг 13, 2022 Вести

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...

Општина Василево и бугарската општина Кресна потпишаа договор за партнерство

Општина Василево и бугарската општина Кресна потпишаа догово…

Авг 12, 2022 Вести

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...

Величе Каралијска ќе игра за ОК „Наковски Волеј“

Величе Каралијска ќе игра за ОК „Наковски Волеј“

Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...

Во Полициска станица приведено 21-годишно момче, се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка

Во Полициска станица приведено 21-годишно момче, се сомничи …

Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со донација за јунаците Македон и Амир

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со донација за ј…

Авг 12, 2022 Вести

Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...