Под големиот стар јавор со македонски евергрини почна 11-то издание на „Струмица Опен фестивал“

Вторник, 26 Јули 2022

Со концерт на македонски евергрини, од малиот градски парк, под големиот стар јавор  синоќа стартуваше „Струмица Опен фестивал 2022“.

Несекојдневно уживање со безвременските македонски евергрини од струмичките музичари Љубомир Митровски, Денис Кирчанов, Боби Ѓошиќ, Игор на тапани и Даме на саксофон.

„Со богатата и разновидна програма на „Струмица Опен Фест“ ќе допреме до сите вкусови и до сите граѓани и ќе докажеме како се сака Струмица“ – кажа градоначалникот Костадин Костадинов најавувајќи го стартот на „Струмица Опен фестивал 2022“.

Ова 11-то издание на СОФ ќе трае 17 денови со 20 разновидни настани на повеќе локации во градот. Вечерва од 20:00 часот во големиот градски парк кај езерцето ќе има филмски проекции на македонски краткометражни филмови.

„БАСКЕТ“ - Приказна за деца и големи деца. Краток игран филм во режија на Димитар Банов кој ни доловува длабока, игрива и иронична замисла за детскиот идеал – да се порасне и да се стане некој. Снимен во Скопје во едно жешко лето некаде во Јуни. Распуст е, маалските кошеви се полни со деца. Во Капиштец, во домот пред зградата на Пепо (14) секогаш се игра силен и квалитетен баскет. Таму, после 18 часот доаѓаат повозрасните и децата мораат да го науштат убавиот кош со мрежичка.

Филмската вечер продолжува со филмот „СЕСТРИ“ - приказна за раскинување на пријателството помеѓу две тинејџерки, неразделни другарки и го истражува феноменот на малтретирање на социјалните мрежи што се шири меѓу тинејџерите. Филмот е дебитантско издание на режисерката Дина Дума, е и македонски кандитат за „Оскар“ за најдобар меѓународен филм за 2022 година.

Ќе биде вистинско филмско доживување за сите мали и големи деца љубители на филмското платно и македонските современи филмски приказни.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Од вечерва до петок музички концерти на „Струмица Опен фестивал“ на сцената кај езерцето

Од вечерва до петок музички концерти на „Струмица Опен фести…

Авг 15, 2022 Вести

Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...

Со Панихида на гробиштата и полагање цвеќе пред споменикот во малиот парк беше одбележана годишнината од убиството на петте струмички студенти

Со Панихида на гробиштата и полагање цвеќе пред споменикот в…

Авг 13, 2022 Вести

Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...

Бензинска станица „БЕНЗОИЛ“ вработува

Бензинска станица „БЕНЗОИЛ“ вработува

Авг 13, 2022 Веб Билборд

„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петт…

Авг 13, 2022 Вести

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...

Општина Василево и бугарската општина Кресна потпишаа договор за партнерство

Општина Василево и бугарската општина Кресна потпишаа догово…

Авг 12, 2022 Вести

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...

Величе Каралијска ќе игра за ОК „Наковски Волеј“

Величе Каралијска ќе игра за ОК „Наковски Волеј“

Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...

Во Полициска станица приведено 21-годишно момче, се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка

Во Полициска станица приведено 21-годишно момче, се сомничи …

Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со донација за јунаците Македон и Амир

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со донација за ј…

Авг 12, 2022 Вести

Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...