Испечатете ја страната

И Струмица годинава со коњаница за Илинден

Понеделник, 25 Јули 2022

За Илинден и струмичкиот регион ќе има своја коњаница. Петмина јавачи од селото Радово годинава ќе бидат дел од традиционалниот коњички марш кој се организира во чест на големиот национален празник. Ова е за прв пат јавачи од овој регион организирано да бидат дел од традиционалниот Илинденскиот марш. Се решиле на ваков чекор бидејќи сакале на тој начин да им оддадат почит на сите загинати Илинденци, објави ТВ Сител.

За да го поминат патот долг околу 200 километри и да стасаат до Крушево на коњаниците од Радово ќе им требаат неколку дена. Долгото јавање не ги плаши, бидејќи и тие и коњите за ова  се подготвувале интензивно уште од месец април.

Дел од петорката јавачи ќе биде и 8-годишниот Матеј Сирачев кој е еден од најмладите учесници на овој коњички марш. И тој вредно се подготвувал со неговиот коњ и со нетрпение го очекува денот на поаѓање.

Коњаницата од селото Радово ќе тргне утре, вторник. Пред заминување ќе побараат благослов од нивниот свештеник во Католичката црква во Радово, а ќе се поклонат и пред спомениците на Гоце Делчев и Борис Трајковски во Струмица, по што се упатуваат кон Бигорски Манастир каде треба да се спојат со Бигорската коњаница.

Неможе да се пријавите самите

  • Извор:

    ТВ Сител

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Окт 06, 2022 Вести

Владата на денешната седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа одлука, на предлог на ...

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Окт 06, 2022 Веб Билборд

Хотел „Studio Inn“ од Струмица има потреба од рецепционер за работа во ноќна смена. Подетални информации и пријавување на: 034 331 851...

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените таму ќе паѓаат до -35%, а следуваат и многу награди за потрошувачите

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените та…

Окт 05, 2022 Магазин

Се ближи 9-от роденден на најголемиот салон за мебел во Македонија „Home by Almak“ на струмичкиот бренд „Алмак“, препознатлив цели 27 години кај нас и...

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот сепак ќе го одигра во Струмица

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ К…

Окт 05, 2022 Вести

Македонскиот одбојкарски шампион „Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот, сепак ќе го одигра на домашен терен. Со оглед на т...

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Окт 05, 2022 Вести

Како резултат на успешната соработка помеѓу општините Босилово (Македонија) и Грмен (Бугарија), преку програмата за прекугранична соработка, во наредн...

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Окт 05, 2022 Вести

Следејќи го успешниот пример на работата на мобилните гинеколошки амбуланти низ различните општини во државата во текот на оваа година, Македонската а...

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на струмичкиот плоштад ја одбележаа Детската недела

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на стру…

Окт 05, 2022 Вести

Денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица беше разиграно, распеано, весело, се слушаше детскиот џагор. Околу 350 деца од предшколска возраст од Ј...

Пуштено во употреба новото повеќенаменско спортско игралиште во дворот на Домот на АРМ

Пуштено во употреба новото повеќенаменско спортско игралиште…

Окт 05, 2022 Вести

Струмица доби уште еден современ отворен спортски терен за сите љубители на спортските активности. Повеќенаменското спортско игралиште во дворот на Д...