Испечатете ја страната

Од утре стартува „Струмица Опен Фестивал 2022“

Недела, 24 Јули 2022

Од утре стартува „Струмица Опен Фестивал 2022“, најголемата културно-уметничка и забавна манифестација во регионот. Организаторите најавуваат уште едно спектакуларно издание и Ве покануваат заедно да раскажувате уште една СОФ приказна под отворено небо.

Првата недела е планирана за култура и забава со звуците на безвремените македонски шлагери Лјубомир Митровски, Денис Кирчанов, Боби Ѓошиќ, Игор и Даме, со филмските проекции на добитниците на Оскари и меѓународни награди – македонските играни филмови „Налепница“, „Баскет“, „Стела“ и „Сестри“. Со стиховите афоризми исполнети со сатира и смеа со Ацо Ѓоргиев и Ристо Филчевски од Струмица, Јане Атанасов, Ружа Стојмилова и Ленче Стојменова од Кочани, како и Марија Ранѓеловиќ Белград, Србија. Стихови на поезија за душа со Вања Изова Велева од Струмица и Стефан Марковски од Гевгелија. И во ритамот на традицијата – Концерт на фолклорна низа за сите љубители на танцот, македонската традиција и култура.

Втората недела спортување со Balans Bike, Вело тура, натпреварување во шах, board games, Street basket, вежби во парк со Лени и рекреирање по ноќните патеки до Цареви кули.

И не би биле СОФ доколку не го понудат најдоброто од македонската музичка сцена во третата недела од годинашното издание.

Уживаме во звуците на гитарите од летната школа за гитара под менторство на проф. Васко Пиличев. Уникатаните AIR STRINGS, Мак фест ѕвездите низ времето, струмичките YU FOR YOU, Игор Џамбазов и Гуру Харе, концерт во спомен на најголемата музичка фолк ѕвезда Гоце Арнаудов. Тука се и концертите на Коста Хаџикојчев и Влатко Лозаноски.

„Струмица Опен Фестивал“ има многу ѕвезди во својата приказна, има многу музика за слушање, култура за негување и забава за доживување.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Окт 06, 2022 Веб Билборд

Хотел „Studio Inn“ од Струмица има потреба од рецепционер за работа во ноќна смена. Подетални информации и пријавување на: 034 331 851...

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените таму ќе паѓаат до -35%, а следуваат и многу награди за потрошувачите

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените та…

Окт 05, 2022 Магазин

Се ближи 9-от роденден на најголемиот салон за мебел во Македонија „Home by Almak“ на струмичкиот бренд „Алмак“, препознатлив цели 27 години кај нас и...

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот сепак ќе го одигра во Струмица

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ К…

Окт 05, 2022 Вести

Македонскиот одбојкарски шампион „Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот, сепак ќе го одигра на домашен терен. Со оглед на т...

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Окт 05, 2022 Вести

Како резултат на успешната соработка помеѓу општините Босилово (Македонија) и Грмен (Бугарија), преку програмата за прекугранична соработка, во наредн...

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Окт 05, 2022 Вести

Следејќи го успешниот пример на работата на мобилните гинеколошки амбуланти низ различните општини во државата во текот на оваа година, Македонската а...

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на струмичкиот плоштад ја одбележаа Детската недела

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на стру…

Окт 05, 2022 Вести

Денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица беше разиграно, распеано, весело, се слушаше детскиот џагор. Околу 350 деца од предшколска возраст од Ј...

Пуштено во употреба новото повеќенаменско спортско игралиште во дворот на Домот на АРМ

Пуштено во употреба новото повеќенаменско спортско игралиште…

Окт 05, 2022 Вести

Струмица доби уште еден современ отворен спортски терен за сите љубители на спортските активности. Повеќенаменското спортско игралиште во дворот на Д...

Поетска вечер „За нас нема збогум“ на струмички поети кои не се меѓу нас

Поетска вечер „За нас нема збогум“ на струмички поети кои не…

Окт 05, 2022 Најава

Во организација на Друштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“ од Струмица, а под покровителство на Општина Струмица, во четв...