Од утре стартува „Струмица Опен Фестивал 2022“, најголемата културно-уметничка и забавна манифестација во регионот. Организаторите најавуваат уште едно спектакуларно издание и Ве покануваат заедно да раскажувате уште една СОФ приказна под отворено небо.
Првата недела е планирана за култура и забава со звуците на безвремените македонски шлагери Лјубомир Митровски, Денис Кирчанов, Боби Ѓошиќ, Игор и Даме, со филмските проекции на добитниците на Оскари и меѓународни награди – македонските играни филмови „Налепница“, „Баскет“, „Стела“ и „Сестри“. Со стиховите афоризми исполнети со сатира и смеа со Ацо Ѓоргиев и Ристо Филчевски од Струмица, Јане Атанасов, Ружа Стојмилова и Ленче Стојменова од Кочани, како и Марија Ранѓеловиќ Белград, Србија. Стихови на поезија за душа со Вања Изова Велева од Струмица и Стефан Марковски од Гевгелија. И во ритамот на традицијата – Концерт на фолклорна низа за сите љубители на танцот, македонската традиција и култура.
Втората недела спортување со Balans Bike, Вело тура, натпреварување во шах, board games, Street basket, вежби во парк со Лени и рекреирање по ноќните патеки до Цареви кули.
И не би биле СОФ доколку не го понудат најдоброто од македонската музичка сцена во третата недела од годинашното издание.
Уживаме во звуците на гитарите од летната школа за гитара под менторство на проф. Васко Пиличев. Уникатаните AIR STRINGS, Мак фест ѕвездите низ времето, струмичките YU FOR YOU, Игор Џамбазов и Гуру Харе, концерт во спомен на најголемата музичка фолк ѕвезда Гоце Арнаудов. Тука се и концертите на Коста Хаџикојчев и Влатко Лозаноски.
„Струмица Опен Фестивал“ има многу ѕвезди во својата приказна, има многу музика за слушање, култура за негување и забава за доживување.
.
.
Авг 15, 2022 Вести
Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...
Авг 13, 2022 Вести
Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...
Авг 13, 2022 Веб Билборд
„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...
Авг 13, 2022 Вести
Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...
Авг 12, 2022 Вести
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...
Авг 12, 2022 Вести
Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...