Синоќа на реконструираното спортско игралиште во Чифлик маало, спроти главниот влез на поранешната касарна во Струмица започна одржувањето на турнирот во мал фудбал „Струмица 2022“.
24 екипи од повеќе градови во нашата држава, поделени во 6 групи од по четири екипи во наредните 20 дена ќе се натпреваруваат за освојување на првите три места и наградите од 110.000 денари, 60.000 и 30.000 денари, а во финалето ќе се доделат и наградите за најдобар играч, најдобар стрелец и најдобар голман.
„После многу години, го имаме задоволството да уживаме во зародишот на уште еден турнир во мал фудбал, со надеж дека убавата традиција ќе се врати на голема врата. Струмица, струмичкиот фудбал и струмичките љубители на спортот тоа го заслужуваат“ – кажа покровителот на овој турнир, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на синоќешното отворање и почетокот на ова спортска манифестација за која организаторите најавуваат дека ќе прерасне во традиција.
Тие очекуваат силен и квалитетен турнир во мал фудбал секоја вечер на игралиштето во Чифлик мало, бидејќи според имињата на играчите, во пријавените екипи се забележуваат и имиња на футсал репрезентативци.
Инаку во шесте групи сите четири екипи ќе играат „секој со секого“, а најдобро пласираните две екипи од секоја група и четирите најдобри третопласирани екипи ќе влезат во елиманационата фаза, почнуваајќи со осминафиналето.
.
.
Авг 15, 2022 Вести
Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...
Авг 13, 2022 Вести
Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...
Авг 13, 2022 Веб Билборд
„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...
Авг 13, 2022 Вести
Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...
Авг 12, 2022 Вести
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...
Авг 12, 2022 Вести
Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...