Струмица ја одбележа 66-та година од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски.
Споменикот „Македонија“ поставен во Струмичкиот парк во чест на Трајковски беше местото кое го посетија голем број струмичани, положија свежо цвеќе и се потсетија за животот и делото на претседателот, но и нивниот роднина, пријател и сограѓанин.
Во чест на претседателот Борис Трајковски цвеќе положија и членови на семејството Трајковски, претставници на локалната самоуправа, политички партии и претставници на институции и здруженија.
За претседателот Борис Трајковски говореше градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.
„Претседателот Трајковски беше на рамништето на најистакнатите архитекти и неимари на мирот во европски и светски рамки, но и олицетворение на политичката мудрост. Беше исклучително редок поклоник и поддржувач на постулатите на дијалог, доверба, разбирање, соработка и толеранција, но и иницијатор за изнаоѓање на разрешници дури и за најгорливите прашања кои ги тиштат македонските граѓани. До самиот крај на неговиот живот беше на страната на вистината, па во името на таа вистина го градеше својот политички став, ставајќи се и самиот себе како влог и гаранција за негова безрезервна одбрана. Силната верба во татковината најчесто ја поткрепуваше со вербата во човековата вредност, без разлика на националната, политичката и верската припадност“ – кажа Костадинов.
.
.
Авг 15, 2022 Вести
Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...
Авг 13, 2022 Вести
Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...
Авг 13, 2022 Веб Билборд
„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...
Авг 13, 2022 Вести
Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...
Авг 12, 2022 Вести
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...
Авг 12, 2022 Вести
Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...