Пред Споменикот на загинатите бранители Кољо Китанов и Атанас Јанев на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица, денеска беше одбележана 21-годишнина од загинувањето на младиот македонски бранител, специјалец во ПЕП, Атанас Јанев од Струмица, учесник во воениот конфликт во Република Македонија во 2001 година, кој загина во битката за Арачиново на возраст од 25 години.
Пред споменикот на загинатите бранители свежо цвеќе положија членови на семејството на Атанас Јанев, претседателот и членови на Советот на општина Струмица, началникот на СВР Струмица, од политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и здруженија на граѓани, а за двајцата бранители говореше претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.
Атанас Јанев е роден на 23 август 1976 година во Струмица. Неговата фамилија потекнува од струмичкото село Мокриево. Во детството секогаш сакал со постарите да муабети и да слуша за минатото на својот народ и земја. Уште тогаш го имал патриотскиот дух. При секое минување низ градскиот плоштад, застанувал и се поклонувал пред споменикот на Гоце Делчев, не претпостувајќи дека и самиот ќе го прифати татковинскиот позив и ќе замине на бранителската задача. Премногу го почитувал и споменувал ликот и делото на Гоце Делчев. После полнолетството, Атанас имал силни желби да и служи на татковината и да се приклучи во специјалците. Откако е вработен како полицаец, тој брзо напредувал и станал припадник на струмичката Посебна единица на полиција. Кога започнал воениот конфликт во 2001 година, го прифати татковинскиот позив и останаа достоен и верен на заклетвата. Неколку месеци пред да почне војната во 2001 година, во декември 2000 година тој стапил во брак со неговата сопруга Зорица, која веќе била бремена и очекувале прво дете. Атанас не доживеа да си го дочека и да го фати во раце своето чедо, кое денес го носи и неговото име, Атанас, има 21 година и присуствуваше на денешниот помен во чест на неговиот татко. Атанас Јанев загинал во битката за Арачиново на денешен ден, 23 јуни 2001 година.
Кољо Китанов е роден на 2 септември 1981 година во струмичкото село Сарај. Кољо во себе носеше комитска крв и беше патриотски настроен. Неговиот прадедо бил соработник на Даме Груев и сведок на неговото убиство кај Петлец, близу Русиново, беровско. Неговиот дедо Јаким Китанов за време на Втората светска војна активно се борел против балистичките чети на Шар Планина, каде што неговиот внук ќе загине во 2001 година. На 6 јуни 2001 година, Кољо е убиен од терористичка банда во близина на тетовското село Гајре, заедно со неговиот старешина, водникот Исак Руфати. Беа пречекани во заседа и изрешетани во военото „пик-ап“ возило со кое носеле храна до своите колеги на Шар Планина. Имаше само 19 години.
.
.
Авг 15, 2022 Вести
Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...
Авг 13, 2022 Вести
Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...
Авг 13, 2022 Веб Билборд
„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...
Авг 13, 2022 Вести
Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...
Авг 12, 2022 Вести
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...
Авг 12, 2022 Вести
Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...