120 празни столчиња на Булеварот пред македонското Собрание во Скопје, по еден за секој пратеник, утрово поставија од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) на првиот ден од Генералниот штрајк со кој работниците во јавниот сектор бараат поголеми плати.
Штрајкуваа и членовите на синдикалните организации на јавните претпријатија и државни институции во Струмица. Денеска од 10 до 11 часот пред просториите на претпријатијата и институциите штрајкуваа вработените во Општина Струмица, „Комуналец“, „Струмица Гас“, „Паркиралишта Струмица“, „Национални шуми“ – Подружница „Беласица“ Струмица, Основниот Суд во Струмица.
Синдикалците бараат зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2.806 денари и утврдено право на регрес за годишен одмор во висина од 30% до 100% од основицата.
Регионалниот координатор на ССМ за Струмица, Бранко Ѓоргиев вели дека за време на штрајкот ССМ води сметка и во сложени услови на генерален штрајк да бидат запазени правилата со цел за вршење на работите кои се неопходно потребни заради спречување на загрозување на животот, личната сигурност или здравјето на граѓаните, односно 10% од вработените ги извршуваат своите работни обврски за производно-одржувачки и нужни работи кои не смеат да се прекинуваат за време на штрајк. Ѓоргиев најави дека штрајкот продолжува и утре.
.
.
Јун 28, 2022 Вести
Синоќа на реконструираното спортско игралиште во Чифлик маало, спроти главниот влез на поранешната касарна во Струмица започна одржувањето на турнирот...
Јун 28, 2022 Вести
Вечерва од 20:00 часот на струмичкото корзо ќе биде поставена фотографска изложба на струмичанецот Марјан Ѕингаров, насловена „Птиците во Градскиот па...
Јун 28, 2022 Магазин
South Side Cocktail Bar е прв и единствен крипто коктел бар во Македонија, сместен во срцето на Струмица и место коешто има за цел да ја промовира кри...
Јун 27, 2022 Вести
МВР информира дека полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и Полициската станица за граничен премин Долно Блаце изврш...
Јун 27, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 28 Јуни) најавува прекин на електричната енергија од 09:00 до 15:00 часот во населените места: Добраши...
Јун 27, 2022 Вести
Вчера околу 16:00 часот на локалниот пат од село Трибичино кон село Едрениково, струмичко, на место викано „Бресто“, трактор „ИМТ 533“, со струмички р...
Јун 25, 2022 Вести
Струмица ја одбележа 66-та година од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Споменикот „Македонија“ п...
Јун 24, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
На 23.06.2022 година во 00:15 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.С.(60) од Струмица, затоа што кај него би...