Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Жан Дрвошанов ги повикува струмичани на големиот Протест пред Владата во Скопје. Тргнувањето од Струмица е во сабота во 16:00 часот, пред „Тинекс“.
Интегрален текст од обраќањето на Дрвошанов:
Речиси секој знае: ВМРО-ДПМНЕ повикува на голем општонароден протест - заради промени. Причините секој граѓанин ги чувствува на своја кожа. И затоа, ВМРО-ДПМНЕ реши одлучно да и покаже на домашната и светската јавност дека за состојбите повеќе никој не смее да молчи и дека на распадот мора да му се застане на патот.
Колку наши сограѓани болно се соочија со лошиот менаџмент на здравствената криза? Колкумина се жртви на лошата економска и социјална политика која го загрози стопанството и економијата? Колкумина останаа без работа и без леб.
Потрошени се пет државни буџети од над 20 милијарди евра додека граѓаните особено младите панично заминуват во странство. Истовремено државата е презадолжена - јавниот долг е зголемен за 2,5 милијарди евра, односно за 50%.
Најновата криза неспособната власт на СДС и ДУИ исто така ја пречекаа со целосна неспремност и нови штети врз нашиот стандард и живот. Сега цените на струјата, горивото, храната, растат како ретко каде во светот додека платите останаа најниски.
За воља на вистината стандардот им е добар на оние кои се директно поврзани со власта. Криминал и тендери, чудни врски со мафијаши, разни ташни и торби со пари.
Прогон единствено врз опозицијата и политичките противници и уништување на довербата во судството и системотот во целина.
Македонија и Македонците во оваа владеење го изгубија достоинството, својата национална гордост и честа од политичари кои видовме дека не умеат да се справат со основни проблеми додека лесно се зафаќат со прашања кои ги надминуват нивните капацитети.
Почитувани струмичани,
Не може да со сигурност да се тврди дали овој политички дилетантизам започна во нашиот град од каде се прошири насекаде или е обратно но, со сигурност знаеме дека многу од процесите во Струмица имаат свој корен, имаат име и презиме.
Затоа ние имаме сериозен и особен мотив да Ве повикаме да ни се придружите на мирниот и достоинствен граѓански и сенароден протест во Скопје, во сабота на 18 јуни. Поаѓањето од Струмица е од пред маркет „Тинекс“ на Булеварот во 16:00 часот.
Ги покануваме сите сограѓани кои се заинтересирани да присуствуваат на протестот да го контактираат Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.
.
.
Јун 28, 2022 Вести
Синоќа на реконструираното спортско игралиште во Чифлик маало, спроти главниот влез на поранешната касарна во Струмица започна одржувањето на турнирот...
Јун 28, 2022 Вести
Вечерва од 20:00 часот на струмичкото корзо ќе биде поставена фотографска изложба на струмичанецот Марјан Ѕингаров, насловена „Птиците во Градскиот па...
Јун 28, 2022 Магазин
South Side Cocktail Bar е прв и единствен крипто коктел бар во Македонија, сместен во срцето на Струмица и место коешто има за цел да ја промовира кри...
Јун 27, 2022 Вести
МВР информира дека полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и Полициската станица за граничен премин Долно Блаце изврш...
Јун 27, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 28 Јуни) најавува прекин на електричната енергија од 09:00 до 15:00 часот во населените места: Добраши...
Јун 27, 2022 Вести
Вчера околу 16:00 часот на локалниот пат од село Трибичино кон село Едрениково, струмичко, на место викано „Бресто“, трактор „ИМТ 533“, со струмички р...
Јун 25, 2022 Вести
Струмица ја одбележа 66-та година од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Споменикот „Македонија“ п...
Јун 24, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
На 23.06.2022 година во 00:15 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.С.(60) од Струмица, затоа што кај него би...