Струмичките социјалдемократи одржаа трибина: „СДСМ има план и решенија за да се справи со сите предизвици кои се исправени пред граѓаните и државата“

Вторник, 14 Јуни 2022

„Во овие 31 година од осамостојувањето до денес, ниту една претходна Влада не успеала да ги извади на површина најклучните, најжешките и најважните прашања и проблеми кои се од суштинско значење за опстојот и прогресот на нашата земја. Сите поранешни владини гарнитури, тие прашања ги ставаа под тепих, бидејќи, во недостаток на храброст и државнички идеи, поважен им бил сопствениот, од интересот на татковината и граѓаните“, вели Борче Цветков, претседател на Општинската организација на СДСМ во Струмица на трибината која се одржа вечерва во Домот на АРМ на тема: „СДСМ има план и решенија за да се справи со сите предизвици кои се исправени пред граѓаните и државата“.

Цветков кажа дека само во период од пет години, како резултат на мудрото владеење на СДСМ, решен е долгогодишниот спор со Грција околу името, задржувајќи го притоа зборот Македонија, но и сите нешта кои го сочинуваат нашиот идентитет и посебност, нашава земја стана 30-та земја членка на НАТО, а неодамна е признаена и автокефалноста на нашата Македонската Православна црква – Охридска Архиепископија.

„Со овие три огромни подвизи нашите повеќегодишни соништа, но и на цели генерации Македонци, станаа јаве. Горд сум што сум претседател на една од Општинските организации на СДСМ во државата, и тоа не на која било, туку  токму на таа од градот - бастион на македонската социјалдемократија“ – кажа Цветков.

На трибината говореше и Љубица Спасова, пратеничка во Собрание на Република Северна Македонија, која кажа дека политиките на СДСМ даваат резултати на кои сите треба да се горди.

„Преку ребалансот на Буџетот кој го утврди Владата, обезбедуваме нови 500 милиони денари во Интервентниот фонд. Иако има светска економска криза, субвенциите се исплаќаат навремено. Континуирано работиме на намалување на невработеноста, која во првиот квартал од оваа година се намали на 14,8%. Во време на светска, преку инклузивен процес со синдикатите и работодавците, успеавме да ја зголемиме минималната плата на 18.000 денари или 300 евра. Го остваривме и ветувањето за просечна плата од 500 евра. Денес, просечната плата изнесува 31.080 денари“ – кажа пратеничката Спасова.

За министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, СДСМ е партија која е секогаш на страната на граѓаните и дека Владата има план и се справува со сите предизвици кои стојат пред државата со корисни политики со кои се овозможува зголемувањето на платите и пензиите, мерки кои влијаат на стандардот и на семејните буџети. Таа кажа дека ценејќи го и вреднувајќи го трудот на работниците, преку социјален дијалог успеале како Влада да ги зголемат платите во образованието и детска заштита. Информираше дека 47.000 деца земат детски додаток, а околу 30.000 ученици образовен додаток. 69 градинки се отворени од 2017-та година до денес, а 25 се во градба и ќе бидат отворени до крајот на 2022 и во 2023 година.

„Ова Влада го направи најхуманото нешто што може да го направи една држава која се грижи за иднината на сите граѓани, а тоа е процесот на деинституционализација. Преку овој процес сите деца под 18 години сместени во гломазните институции  се преселени во мали групни домови, каде што атмосферата е приближна на домашната. Среќните и насмеани деца е повеќе од доволно за нас како Влада, да кажеме дека сме успеале во нашата цел, праведно и еднакво општество. Едно општество за сите“ – кажа Тренчевска на вечерашната трибина во организација на ОО на СДСМ Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Од вечерва до петок музички концерти на „Струмица Опен фестивал“ на сцената кај езерцето

Од вечерва до петок музички концерти на „Струмица Опен фести…

Авг 15, 2022 Вести

Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...

Со Панихида на гробиштата и полагање цвеќе пред споменикот во малиот парк беше одбележана годишнината од убиството на петте струмички студенти

Со Панихида на гробиштата и полагање цвеќе пред споменикот в…

Авг 13, 2022 Вести

Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...

Бензинска станица „БЕНЗОИЛ“ вработува

Бензинска станица „БЕНЗОИЛ“ вработува

Авг 13, 2022 Веб Билборд

„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петт…

Авг 13, 2022 Вести

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...

Општина Василево и бугарската општина Кресна потпишаа договор за партнерство

Општина Василево и бугарската општина Кресна потпишаа догово…

Авг 12, 2022 Вести

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...

Величе Каралијска ќе игра за ОК „Наковски Волеј“

Величе Каралијска ќе игра за ОК „Наковски Волеј“

Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...

Во Полициска станица приведено 21-годишно момче, се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка

Во Полициска станица приведено 21-годишно момче, се сомничи …

Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со донација за јунаците Македон и Амир

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со донација за ј…

Авг 12, 2022 Вести

Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...