Зборовите „образ“ и „образование“ треба да одат рака под рака, им кажа Костадинов на просветните работници

Вторник, 24 Мај 2022

Општина Струмица синоќа организираше свеченост по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, на која беа доделени Признание и Плакета на најдобрите наставници од трите средни општински училишта, деветте основни и од Детската градинка, а постхумно, Признание и Плакета со уметнички приказ на ликовите на светите браќа и беше доделено на учителката Атиџе Мемедова од ООУ „Маршал Тито“ Струмица, која неодамна на млади години го напушти овој свет.

„Зборовите „образ“ и „образование“ треба да одат рака под рака, оти вие сте, и треба да останете образот на нашето општество. А за сите ваши заложби вистинската валоризација за вложениот труд нема да изостане. Поаѓајќи од тоа, одлучив од оваа година, на секое одбележување на Денот на Сесловенските просветители – Св. Кирил и Методиј, да бидат доделени награди за најдобрите наставници и стручни соработници во училиштата, како и за воспитувач и негувател во градинката, за исклучителни резултати во работењето“ – кажа градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Признание и Плакета „Св. Кирил и Методиј“ добија: Весна Џатева и Мара Аливкинова од ЈОУ Детска градинка – Струмица, Ѓорги Илиев од СОУ „Никола Карев“, Костадин Каркаљашев од СОУ „Јане Сандански“, Ленче Христова од СОУ „Димитар Влахов“, Милка Танчева од ОМУ „Боро Џони“, Аница Панова од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ Дабиље, Дона Кечева од ООУ „Герас Цунев“ Просениково, Софија Крстева од ООУ „Гоце Делчев“ Вељуса, Панче Ѓоргиев од ООУ „Маршал Тито“ Муртино, Јагода Маџункова од ООУ „Даме Груев“ Куклиш, Соња Појразовска од ООУ „Видое Подгорец“ Струмица, Сречко Чоп од ООУ „Сандо Масев“ Струмица, Марија Панова од ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица.

Честитајќи им ги наградите на просветните работници, градоначалникот Костадинов најави дека ова наградување на најуспешните наставници, стручни соработници, воспитувачи и негуватели ќе прерасне во убава традиција и во наредните години во пресрет на празникот Св. Кирил и Методиј.

Свеченоста беше збогатена со музичко-сценски изведби на ученици и наставници од струмичкото музичко училиште „Боро Џони“.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Чифлик маало започна турнирот во мал фудбал „Струмица 2022“

Во Чифлик маало започна турнирот во мал фудбал „Струмица 202…

Јун 28, 2022 Вести

Синоќа на реконструираното спортско игралиште во Чифлик маало, спроти главниот влез на поранешната касарна во Струмица започна одржувањето на турнирот...

Вечерва на струмичкото корзо – Изложба „Птиците во Градскиот парк“ на Марјан Ѕингаров

Вечерва на струмичкото корзо – Изложба „Птиците во Градскиот…

Јун 28, 2022 Вести

Вечерва од 20:00 часот на струмичкото корзо ќе биде поставена фотографска изложба на струмичанецот Марјан Ѕингаров, насловена „Птиците во Градскиот па...

Во Струмица „South Side Cocktail Bar“ - првиот крипто бар во Македонија

Во Струмица „South Side Cocktail Bar“ - првиот крипто бар во…

Јун 28, 2022 Магазин

South Side Cocktail Bar е прв и единствен крипто коктел бар во Македонија, сместен во срцето на Струмица и место коешто има за цел да ја промовира кри...

На Табановце санкционирани струмичани кои вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација

На Табановце санкционирани струмичани кои вршеле меѓународен…

Јун 27, 2022 Вести

МВР информира дека полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и Полициската станица за граничен премин Долно Блаце изврш...

Утре од 9 до 15 часот без струја Добрашинци, Висока Маала и Нова Маала

Утре од 9 до 15 часот без струја Добрашинци, Висока Маала и …

Јун 27, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 28 Јуни) најавува прекин на електричната енергија од 09:00 до 15:00 часот во населените места: Добраши...

Трагедија во струмичко – две лица загинаа превртувајќи се со трактор

Трагедија во струмичко – две лица загинаа превртувајќи се со…

Јун 27, 2022 Вести

Вчера околу 16:00 часот на локалниот пат од село Трибичино кон село Едрениково, струмичко, на место викано „Бресто“, трактор „ИМТ 533“, со струмички р...

Одбележан 66-от роденден на загинатиот претседател Борис Трајковски

Одбележан 66-от роденден на загинатиот претседател Борис Тра…

Јун 25, 2022 Вести

Струмица ја одбележа 66-та година од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Споменикот „Македонија“ п...

Приведен 60-годишен струмичанец, кај него била пронајдена марихуана

Приведен 60-годишен струмичанец, кај него била пронајдена ма…

Јун 24, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

На 23.06.2022 година во 00:15 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.С.(60) од Струмица, затоа што кај него би...