Струмичките пожарникари подновени, си добија нови униформи за Денот на пожарникарството

Петок, 20 Мај 2022

На свеченоста по повод Денот на пожарникарството, струмичките пожарникари со нови униформи – нова лична заштитна опрема за гасење пожари на отворен простор, која се состои од униформа, чизми, заштитни ракавици, заштитен шлем, наочари, поткапа, а како што кажа командирот на Противпожарната единица на Струмица, Александар Гудев, ваква опрема за прв пат добиваат од кога постојат. Опремата ја обезбеди Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамките на проектот „Прекугранична соработка во справување со шумски пожари“, финансиран од Европската Унија преку Интеррег–ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Командирот Гудев упати јавна благодарност до Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Општина Струмица, а за успешната соработка во изминатата година ТППЕ Струмица додели благодарници на јавни институции и организации. Командирот упати и посебна благодарност до градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов подарувајќи му професионални пожарникарски чизми.

„Вие сте чувари на нашите животи и на нашите имоти. Сведоци сме како во многу сериозни ситуации ги ризикувате и вашите животи за да не спасите и нас и градот. Јас како градоначалник и општина Струмица на Вашата пожртвуваност ќе ви возвраќаме со максимална поддршка во зголемувањето на капацитетот на Територијалната професионална противпожарна единица за да може навремено и ефикасно да одговори на сите предизвици, иако посакувам да ги има што помалку“ – кажа градоначалникот Костадинов во обраќањето до пожарникарите.

На свеченоста, на просторот до Противпожарната станица тимови на ТППЕ Струмица изведоа показна вежба за извлекување на настрадани во сообраќајна несреќа и земјотрес.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Чифлик маало започна турнирот во мал фудбал „Струмица 2022“

Во Чифлик маало започна турнирот во мал фудбал „Струмица 202…

Јун 28, 2022 Вести

Синоќа на реконструираното спортско игралиште во Чифлик маало, спроти главниот влез на поранешната касарна во Струмица започна одржувањето на турнирот...

Вечерва на струмичкото корзо – Изложба „Птиците во Градскиот парк“ на Марјан Ѕингаров

Вечерва на струмичкото корзо – Изложба „Птиците во Градскиот…

Јун 28, 2022 Вести

Вечерва од 20:00 часот на струмичкото корзо ќе биде поставена фотографска изложба на струмичанецот Марјан Ѕингаров, насловена „Птиците во Градскиот па...

Во Струмица „South Side Cocktail Bar“ - првиот крипто бар во Македонија

Во Струмица „South Side Cocktail Bar“ - првиот крипто бар во…

Јун 28, 2022 Магазин

South Side Cocktail Bar е прв и единствен крипто коктел бар во Македонија, сместен во срцето на Струмица и место коешто има за цел да ја промовира кри...

На Табановце санкционирани струмичани кои вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација

На Табановце санкционирани струмичани кои вршеле меѓународен…

Јун 27, 2022 Вести

МВР информира дека полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и Полициската станица за граничен премин Долно Блаце изврш...

Утре од 9 до 15 часот без струја Добрашинци, Висока Маала и Нова Маала

Утре од 9 до 15 часот без струја Добрашинци, Висока Маала и …

Јун 27, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 28 Јуни) најавува прекин на електричната енергија од 09:00 до 15:00 часот во населените места: Добраши...

Трагедија во струмичко – две лица загинаа превртувајќи се со трактор

Трагедија во струмичко – две лица загинаа превртувајќи се со…

Јун 27, 2022 Вести

Вчера околу 16:00 часот на локалниот пат од село Трибичино кон село Едрениково, струмичко, на место викано „Бресто“, трактор „ИМТ 533“, со струмички р...

Одбележан 66-от роденден на загинатиот претседател Борис Трајковски

Одбележан 66-от роденден на загинатиот претседател Борис Тра…

Јун 25, 2022 Вести

Струмица ја одбележа 66-та година од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Споменикот „Македонија“ п...

Приведен 60-годишен струмичанец, кај него била пронајдена марихуана

Приведен 60-годишен струмичанец, кај него била пронајдена ма…

Јун 24, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

На 23.06.2022 година во 00:15 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.С.(60) од Струмица, затоа што кај него би...