Завршуваат градежните активности на двете главни улици во населбата Софилар во Струмица на кои се поставени и тротоари од двете страни, атмосферска и фекална канализација.
Со овој проект на Општина Струмица, финансиран со 26 милиони денари од Светска банка, како грант, од кои 2 милиони се од општинскиот буџет, се зголеми опфатот на инфраструктурното уредување во населбата и е обезбеден поквалитетен живот за жителите во населбата кои долги години реагираа до локалните власти за решавање на проблемот.
Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов кој денеска со своите соработници беше во населбата Софилар вели дека ова градежна активност опфаќа повеќе проекти, изградба на две сервисни улици во должина од 650 метри, изведба на атмосферска канализација во должина од 780 метри и изведба на три феакални колектори со фекална канализација во должина од 1411 метри.
Тој најави дека во ова 2022 година со 18 милиони денари, пари планирани во буџетот на општината Струмица ќе почне изградбата на главниот фекален колектор којшто ќе ги опфаќа одводните води од целата населба во поранешната касарна, заедно со населбата Софилар до реката Водочница, кои отпадни води ќе бидат однесени во Пречистителната станица кај Сачево.
.
.
Јун 28, 2022 Вести
Синоќа на реконструираното спортско игралиште во Чифлик маало, спроти главниот влез на поранешната касарна во Струмица започна одржувањето на турнирот...
Јун 28, 2022 Вести
Вечерва од 20:00 часот на струмичкото корзо ќе биде поставена фотографска изложба на струмичанецот Марјан Ѕингаров, насловена „Птиците во Градскиот па...
Јун 28, 2022 Магазин
South Side Cocktail Bar е прв и единствен крипто коктел бар во Македонија, сместен во срцето на Струмица и место коешто има за цел да ја промовира кри...
Јун 27, 2022 Вести
МВР информира дека полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и Полициската станица за граничен премин Долно Блаце изврш...
Јун 27, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 28 Јуни) најавува прекин на електричната енергија од 09:00 до 15:00 часот во населените места: Добраши...
Јун 27, 2022 Вести
Вчера околу 16:00 часот на локалниот пат од село Трибичино кон село Едрениково, струмичко, на место викано „Бресто“, трактор „ИМТ 533“, со струмички р...
Јун 25, 2022 Вести
Струмица ја одбележа 66-та година од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Споменикот „Македонија“ п...
Јун 24, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
На 23.06.2022 година во 00:15 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.С.(60) од Струмица, затоа што кај него би...