Драги Памуков од ВМРО-ДПМНЕ со честитка до жителите на Куклиш во пресрет на празникот на селото

Сабота, 14 Мај 2022

Драги Памуков од Куклиш, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица во пресрет на верскиот празник Свети Атанасиј (летен), заштитник на селото, испрати честитка до жителите на Куклиш, говорејќи за тоа што не направила локалната власт предводена од СДСМ во ова населено место.

Интегрален текст од прес конференцијата:

„Куклиш е најголемото населено место во општина Струмица. Центар на поранешна општина од нашиот регион. На 15-ти мај Куклиш го празнува денот на Свети Атанасиј како свој заштитник.

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во оваа прилика им го честита празникот на жителите на Куклиш и на сите оние кои го празнуваат како домашна слава и именден.

Куклиш и овој празник го дочекува со остатоци од опожарен Културен дом во својот центар. Куклишани се прашуваат, дали Општина Струмица одделува средства за неговата реконструкција и ако одделува колку се и каде се тие средства гледано ретроактивно во низа години?

Куклиш и овој пролетен празник го дочекува со слабата јавна хигиена и одржување. Иако, жителите уредно ги плаќат своите сметки кон комуналното и другите јавни претпријатија. Главен пример за тоа се постојните три депонии на растителен отпад. За овој проблем зборувавме уште пред изборите, а инаку, се провлекува долги години.

Одводните канали не се исчистени соодветно. Најдобар пример за тоа е каналот кој од Пречистителна станица води кон училиштето. Па, во дождливи денови децата на училиште одат газејќи во вода.

Секој жител на Куклиш посакува напредок на нашето населеното место. Особено е потребно изградба на нова инфраструктура. Пат кој делумно би го пренасочил сообраќајот од Куклиш преку Сачево и Свидовица. Изградба на тротоар покрај главниот пат заради безбедност на граѓаните. Нови полски одводни канали и слично.

Конечно, секој жител за овој празник посакува иднина со подобар стандард, враќање на значењето на земјоделието и враќање на младите во својот дом. Но, очигледно со ова веќе 10-годишно владеење на иста гарнитурa од СДСМ, таквата желба нема да ни стане реалност.

Почитувани,

За среќа промените во Македонија се случуваат. Промените се веќе реалност и посакуваме секоја власт кога ќе излезе да го честита празникот да каже што суштинско направила за едно населено место.

Ви го честитаме празникот, Ви посакуваме и ветуваме подобри денови за нас и за иднината на нашиот Куклиш“ – кажа Памуков.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Сообраќајка во Дабиле, повредени три лица

Сообраќајка во Дабиле, повредени три лица

Мај 24, 2022 Вести

Вчера попладне околу 16:30 часот на магистрален пат А-4 Струмица - Ново Село во селото Дабиле се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно в...

Зборовите „образ“ и „образование“ треба да одат рака под рака, им кажа Костадинов на просветните работници

Зборовите „образ“ и „образование“ треба да одат рака под рак…

Мај 24, 2022 Вести

Општина Струмица синоќа организираше свеченост по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, на која беа доделе...

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Мај 24, 2022 Магазин

Светите браќа Кирил и Методиј се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кири...

Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за кривично дело полов напад врз дете

Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за…

Мај 23, 2022 Вести

СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...

На Симпозиум „Силвија Плат и трансатлантизмот“ во Солун поставена изложба на Кристина Зимбакова

На Симпозиум „Силвија Плат и трансатлантизмот“ во Солун пост…

Мај 22, 2022 Вести

На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...

Танкица Стојанова наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ на фестивалот НЕТА

Танкица Стојанова наградена за женската улога за имиџот на Е…

Мај 22, 2022 Вести

Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...

„Sugarland“ бара продавачки на сладолед

„Sugarland“ бара продавачки на сладолед

Мај 21, 2022 Веб Билборд

Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...

19-годишно момче со автомобил удрило во девојче од Босилово

19-годишно момче со автомобил удрило во девојче од Босилово

Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...