Вечерва во градот под Царевите кули, во градот на музиката и расадникот на најдобрите вокали, по пауза од две години ќе се одржи Фестивалот на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“.
Традицијата продолжува како што продолжува и желбата за староградската песна и серенада, кои во минатото се задоволувале преку постоење на мали пејачки групи, хорови, ансамбли и културно уметнички друштва.
На 12-то издание „Под кулите на Струмица“, кое ќе се одржи на големата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“, покрај домаќините „Распеани Струмичани“ ќе учествуваат и „Распеани Радовишани“, „Распеани Валандовчани“, „Распеани Гевгеличани“ и групата „Орнаменти“ од Штип.
Фестивалот кој симболично е насловен „Под кулите на Струмица“, по една од најпознатите струмички песни е од ревијален карактер, а е со поддршка на Министерството за култура и Општина Струмица.
Петок, 13 мај | 20:00 часот | НУЦК „Антон Панов“ Струмица | Влез слободен
.
.
Мај 24, 2022 Вести
Вчера попладне околу 16:30 часот на магистрален пат А-4 Струмица - Ново Село во селото Дабиле се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно в...
Мај 24, 2022 Вести
Општина Струмица синоќа организираше свеченост по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, на која беа доделе...
Мај 24, 2022 Магазин
Светите браќа Кирил и Методиј се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кири...
Мај 23, 2022 Вести
СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...
Мај 22, 2022 Вести
На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...
Мај 22, 2022 Вести
Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...
Мај 21, 2022 Веб Билборд
Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...
Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...