Струмичкиот Црвен крст го одбележа светскиот Ден на Црвен крст и Црвена полумесечина

Понеделник, 09 Мај 2022

По вчерашната централна свеченост на Црвениот крст на Македонија во Скопје, по повод 8 Мај, светскиот Ден на Црвениот крст и Црвената месечина, Општинската организација на Црвен крст во Струмица во Центарот за култура организираше настан на кој преку видео презентации беше прикажано значењето на основните принципи и вредности на Црвениот крст, изразувајќи благодарност и признание до сите волонтери и поддржувачи за поддршката која ја обезбедуваат за струмичкиот Црвениот крст.

За активностите и поддршката кон населението, кон граѓаните на кои им се укажува помош од Црвениот крст, за соработката со институциите говореше претседателот на ОО на Црвен крст Струмица, д-р Васил Тунев, а за проектите со домашни и меѓународни невладини организации, министерства и општини, говореше Маријана Тошева, секретар на ОО на Црвен крст.

Претседателот Тунев, во име на ОО на Црвен крст - Струмица им додели Плакети на градоначалниците на општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село, на СВР Струмица, ЈЗУ „Здравствен дом“, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, Противпожарната единица на Струмица, Службата за трансфузиона медицина, Министерството за труд и социјална политика, за учеството и поддршката во повеќе заеднички проекти во изминатите години.

По свеченоста на големата сцена во Центарот за култура, се организираше и коктел дружење во фоајето каде на голем број поединци и здруженија им беа доделени Благодарници за успешната взаемна соработка. На овој простор беше поставена и Изложба на фотографии од многубројните активности на Општинска организација на Црвен крст во Струмица.

Настанот се организираше под мотото: „Биди човечен“ преку кое Црвениот крст сака да ги потсети луѓето на една од основните вредности, на значењето на љубезноста, на добрината, на човечноста, на сите оние мали и големи дела кои не прават луѓе и кои прават позитивна разлика во животот на луѓето на кои им е потребна поддршка.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Сообраќајка во Дабиле, повредени три лица

Сообраќајка во Дабиле, повредени три лица

Мај 24, 2022 Вести

Вчера попладне околу 16:30 часот на магистрален пат А-4 Струмица - Ново Село во селото Дабиле се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно в...

Зборовите „образ“ и „образование“ треба да одат рака под рака, им кажа Костадинов на просветните работници

Зборовите „образ“ и „образование“ треба да одат рака под рак…

Мај 24, 2022 Вести

Општина Струмица синоќа организираше свеченост по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, на која беа доделе...

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Мај 24, 2022 Магазин

Светите браќа Кирил и Методиј се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кири...

Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за кривично дело полов напад врз дете

Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за…

Мај 23, 2022 Вести

СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...

На Симпозиум „Силвија Плат и трансатлантизмот“ во Солун поставена изложба на Кристина Зимбакова

На Симпозиум „Силвија Плат и трансатлантизмот“ во Солун пост…

Мај 22, 2022 Вести

На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...

Танкица Стојанова наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ на фестивалот НЕТА

Танкица Стојанова наградена за женската улога за имиџот на Е…

Мај 22, 2022 Вести

Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...

„Sugarland“ бара продавачки на сладолед

„Sugarland“ бара продавачки на сладолед

Мај 21, 2022 Веб Билборд

Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...

19-годишно момче со автомобил удрило во девојче од Босилово

19-годишно момче со автомобил удрило во девојче од Босилово

Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...