На 100 години ја промовира својата книга „Мојот живот минато мило“

Понеделник, 09 Мај 2022

Еден од живите борци од Народноослободителната борба, 100-годишниот Јован Величковски денеска во Градската Уметничка галерија во Струмица ја промовираше монографијата „Мојот живот минато мило“, на авторот Ванчо Тркалевски, а поводот денешниот ден 9-ти мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.

„Поттик да ја напишам монографијата е животот и делото на мојот дедо се неговите кажувања, кои ги запишав и еве дочекав да бидат објавени. Ова е одговор на сите што не негираат како Македонци, бидејќи во книгата има документи и факти дека сето тоа не е вистина. Ние сме Македонци, имаме свој идентитет и зборуваме свој посебен јазик“ - кажа авторот Тркалевски.

За промоторот на книгата Мемоарите од животот на Јован Гаврил Величковски, новинарот Ристо Тасев вели дека овој монументален запис, преку неговиот внук Ванчо Траклевски, кој е автор, ни го става на дланка неговиот живот, но и сите успеси и премрежја што ги доживеал и преживеал.

„Кога ми ја донесе книгата во ракопис и ме замоли да го дадам своето мислење за неа и да ја уредам, пред мене постави голем предизвик. По првото читање сфатив дека нема многу што да се уредува, зашто авторот успеал да ги надмине сите стапици кои се поставуваат пред пишување мемоари. Од една страна тој му е внук и успеал да ја избегне субјективноста со објавување на бројни документи кои се зачувани и тие фрлаат дополнителна силна светлина врз животот на борецот и партизан Јован. Сепак, убаво е што низ книгата по малку на скриен начин се провлекува таа субјективност и односот на дедо и внук. Субјективноста во ова дело е претворена во крајна објективност која едноставно ве тера студиозно да ја прочитате и да се вратите во едно време полно со предизвици, но и кога за мали работи летале глави. Токму заради тоа, преку животот на Јован Гаврил Величковски дознавате за времето кога тој работел и се борел, а за кое самиот тој вели дека е минато мило. Минато мило, но не и било, иако било многу тешко. Борбата за слобода е тешка и напорна. За неа се лее крв и згаснуваат многу животи“ – кажа Тасев.

Дедо Јован и покрај своите 100 години, кој ги наполни на 2 јануари годинава, не ги криеше солзите кога се говореше за неговиот живот и дело, а во изјавата пред новинарите порача, во државата сите да бидат сплотени.

„Младите генерации да бидат сплотени и обединети да одат напред, за прогрес на државата и животот во неа, оти ако ние не бевме сплотени во наше време, немаше да ја имаме ни победата ни државата“ - порача борецот Јован.

Монографијата „Мојот живот минато мило“ ја издаде Локалната установа библиотека „Благој Јанков Мучето“ од Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Сообраќајка во Дабиле, повредени три лица

Сообраќајка во Дабиле, повредени три лица

Мај 24, 2022 Вести

Вчера попладне околу 16:30 часот на магистрален пат А-4 Струмица - Ново Село во селото Дабиле се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно в...

Зборовите „образ“ и „образование“ треба да одат рака под рака, им кажа Костадинов на просветните работници

Зборовите „образ“ и „образование“ треба да одат рака под рак…

Мај 24, 2022 Вести

Општина Струмица синоќа организираше свеченост по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, на која беа доделе...

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Мај 24, 2022 Магазин

Светите браќа Кирил и Методиј се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кири...

Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за кривично дело полов напад врз дете

Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за…

Мај 23, 2022 Вести

СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...

На Симпозиум „Силвија Плат и трансатлантизмот“ во Солун поставена изложба на Кристина Зимбакова

На Симпозиум „Силвија Плат и трансатлантизмот“ во Солун пост…

Мај 22, 2022 Вести

На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...

Танкица Стојанова наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ на фестивалот НЕТА

Танкица Стојанова наградена за женската улога за имиџот на Е…

Мај 22, 2022 Вести

Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...

„Sugarland“ бара продавачки на сладолед

„Sugarland“ бара продавачки на сладолед

Мај 21, 2022 Веб Билборд

Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...

19-годишно момче со автомобил удрило во девојче од Босилово

19-годишно момче со автомобил удрило во девојче од Босилово

Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...