Во Струмица денеска беше одбележан 9 Мај - меѓународниот Ден на победата над фашизмот и Денот на Европа.
На пригодната свеченост која што се одржа пред Споменикот на паднатите борци во НОАВМ во малиот Градски парк, за значењето на празникот говореше градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
„Почитувани, далеку зад нас се 1945 и 1950, години кога се случиле овие огромни чекори во современата цивилизација. Случајно или не, на двапати, на 9-ти Мај, Европа доживеала огромни промени со кои започнал историскиот прогрес. Примерот на разум и разбирање, на здружување, еднаквост и прагматичност, станува модел по кој, денес сме сведоци како е развиена и моќна Европската Унија. Токму по тие правила за демократија, толеранција и дијалог „Старата Дама“ е лидер, високо издигнат, кој се уште се модифицира и моделира со една единствена цел – напред, заедно во иднината“ – кажа Костадинов.
Претставници на Општина Струмица, во чест на загинатите борци положија свежо цвеќе пред споменикот, а цвеќе положија и претставници на Општинскиот одбор на Сојузот на борците, политички партии, здруженија на граѓани и јавни институции. Рецитатори од Домот за деца и млади „Благој Мучето“ рецитираа револуционерна поезија.
На денешен ден пред 77 години, со потпишувањето на безусловната капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна во која учествувале 61 земја со над две милијарди жители. Безусловната капитулација на Третиот Рајх е потпишана во разурнатиот Берлин, само неколку минути по полноќ на 9-ти мај 1945 година. Со тоа беа запрени крвопролевањата и страдањата од Втората Светска војна во која загинаа над 50 милиони луѓе од кои дури 20 милиони беа од тогашниот Советски сојуз, а повеќе од 30 милиони беа цивили. Во нацистичките логори беа убиени околу 12 милиони луѓе од кои половината беа Евреи. Материјалната штета од Втората Светска војна, само во Европа беше проценета на околу 200 милијарди американски долари.
Она што не смее да се заборави е дека и нашава земја беше дел од таа страотна војна. Македонија беше на страната на антифашистичката коалиција и во борбите против фашистичките окупатори даде околу 33.000 жртви, меѓу кои се и седумте илјади Евреи кои за време на војната беа депортирани во конценрациониот логор Треблинка.
.
.
Мај 24, 2022 Вести
Вчера попладне околу 16:30 часот на магистрален пат А-4 Струмица - Ново Село во селото Дабиле се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно в...
Мај 24, 2022 Вести
Општина Струмица синоќа организираше свеченост по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, на која беа доделе...
Мај 24, 2022 Магазин
Светите браќа Кирил и Методиј се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кири...
Мај 23, 2022 Вести
СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...
Мај 22, 2022 Вести
На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...
Мај 22, 2022 Вести
Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...
Мај 21, 2022 Веб Билборд
Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...
Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...