Акцијата „Генералка викенд“ и во струмичко

Сабота, 07 Мај 2022

Денеска и утре во двете општини во струмичко, Босилово и Струмица се реализира акцијата „Генералка викенд“, што ја иницираше „Мен енд Маунтен“ во соработка со АД „Пивара“ Скопје и партнерство со „Пакомак“.

Станува збор за акција која се спроведува во 26 општини. Таа денеска се реализираше во општина Босилово каде граѓаните се вклучија во акцијата на чистење околу манастирот „Св. Климент и Наум Охридски“ во Хамзали.

Утре (недела) акцијата ќе се реализира во општина Струмица со почеток во 9:00 часот. Ќе се чисти во индустриската зона Агроберза зад „БОНИ Интерградба“.

„Целта е да собереме што е можно повеќе отпад кој потоа ќе се носи до најблиската ПАКОМАК или локална станица за отпад. Со секои 10 килограми отпад, придонеси во засадувањето на новите пристапни шуми „СОНЧЕВА ГОРА” – национални зелени споменици што ќе растат секоја година. Во оваа акција ќе се вклучат многу поддржувачи, како Министерството за животна средина, Министерството за земјоделство, претставници на дипломатскиот кор, повеќе општини, училишта и локални поддржувачи, спортски клубови. Акцијата за чистење „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022“, е една од активностите кои ги спроведуваме за да придонесеме во подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина“, велат од „Мен енд Маунтен“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Сообраќајка во Дабиле, повредени три лица

Сообраќајка во Дабиле, повредени три лица

Мај 24, 2022 Вести

Вчера попладне околу 16:30 часот на магистрален пат А-4 Струмица - Ново Село во селото Дабиле се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно в...

Зборовите „образ“ и „образование“ треба да одат рака под рака, им кажа Костадинов на просветните работници

Зборовите „образ“ и „образование“ треба да одат рака под рак…

Мај 24, 2022 Вести

Општина Струмица синоќа организираше свеченост по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, на која беа доделе...

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Мај 24, 2022 Магазин

Светите браќа Кирил и Методиј се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кири...

Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за кривично дело полов напад врз дете

Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за…

Мај 23, 2022 Вести

СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...

На Симпозиум „Силвија Плат и трансатлантизмот“ во Солун поставена изложба на Кристина Зимбакова

На Симпозиум „Силвија Плат и трансатлантизмот“ во Солун пост…

Мај 22, 2022 Вести

На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...

Танкица Стојанова наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ на фестивалот НЕТА

Танкица Стојанова наградена за женската улога за имиџот на Е…

Мај 22, 2022 Вести

Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...

„Sugarland“ бара продавачки на сладолед

„Sugarland“ бара продавачки на сладолед

Мај 21, 2022 Веб Билборд

Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...

19-годишно момче со автомобил удрило во девојче од Босилово

19-годишно момче со автомобил удрило во девојче од Босилово

Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...