Од денеска преку локална кампања ќе се подига свеста на граѓаните во Струмица и во Југоисточниот регион за бесплатните советувалишни услуги за жени жртви на семејно и родово засновано насилство што ги нуди првиот специјализиран сервис „Скај Плус“ во Струмица.
Кампањата ја спроведува здружението на граѓани „Скај Плус“ во рамки на проектот „Обезбедување бесплатна правна помош и психосоцијална поддршка за најмалку 200 жени припаднички на малцинствата и ранливите групи“, кој го спроведуваат ХЕРА – Асоцијација за здравствено образование едукација и истражување и УН ВОМЕН Скопје додека, пак, финансиите се обезбедни од страна на Европската Унија.
По повод почетокот на кампањата, советувалиштето го посетија министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, Ирена Спирковска Лукровска, програмски аналитичар во УН ВОМЕН и Елизабета Божиноска, програмска директорка на ХЕРА.
„Со отворањето на советувалиштето во Струмица ги опфаќаме сите плански региони на државата, тие се блиски до граѓаните, односно до жените жртви на семејно насилство и нивните деца. Со тоа ја потврдуваме заложбата на Владата и Министерството за труд и социјална политика, и по ратификацијата на Истанбулската конвенција и донесувањето на Законот за спречување и заштита врз жените и семејното насилство дека ќе отвораме на годишно ниво по пет вакви сервиси, потребни за жртвите на насилство, но ќе отвораме и сервиси кои ќе работат со сторителите на семејно насилство, затоа што семејното насилство е комплексен проблем“ – кажа министерката Тренчевска.
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, истакна дека согласно анализите и статистиките работени од страна на невладиниот сектор кој работи во областа на семејното насилство не само во Струмица туку и регионот, во последните 4 години покажуваат насушна потреба од отворање на Советувалиште за жени и деца, жртви на семејно насилство во Струмица.
„Општина Струмица којашто се повеќе го достигнува својот врв кога станува збор за борбата против родово базирано насилство имаше слух за оваа потреба и го поддржа отворањето на Советувалиштето, како што и го поддржува Шелтер центарот за жени жртви на семејно насилство. Наместо семејства со насилство, посакувам семејства со разбирање, компромиси, почитување, особено во семејства во коишто има деца, тие треба да растат во здрава, стабилна и среќна семејна заедница“ - кажа Костадинов.
Од отворањето на Советувалиштето во декември, 48 жени кои доживеале насилство бесплатно добиле над 180 услуги за психо-социјална поддршка и правна помош. Меѓу нив има и лица од руралните средини, лица со попреченост и припадници на етничките малцинства, што потврдува дека колку се услугите попристапни, толку поохрабрени стануваат жртвите на насилство да побараат поддршка. Воедно, дава позитивен пример за успешна соработка на локалната самоуправа и граѓанскиот сектор во справувањето со насилството, особено што општината обезбедува посебен простор за функционирање на Советувалиштето.
Во изминатите две години, ХЕРА спроведе серија специјализирани обуки за третман и постапување со жртви на семејно и родово засновано насилство, и ѝ нуди постојана менторската поддршка на партнерската организација „Скај Плус“, која раководи со советувалиштето, меѓудругото и заради стекнување специјализирана лиценца од Министерството за труд и социјална политика. Со добивањето на лиценцата, советувалиштето ќе прерасне во регионален професионален сервис преку кој ќе се обезбедуваат психо-социјални услуги не само за жени жртви на насилство, туку и за нивните деца и за членовите на нивните семејства.
Дополнително, во соработка со општината Струмица се планираат активности за обезбедување на финансиска поддршка на овие услуги по завршувањето на проектот. За таа цел, во тек е изготвување Локален акциски план со буџети како за превенција на насилството, така и за обезбедување на директни услуги за родово засновано и семејно насилство на регионот. За времетраењето на проектот, советувалиштните услуги се обезбедуваат со средства од донаторот, а до крајот на годината и во текот на следната, финансиите ќе бидат обезбедени од страна на општината, со што ќе се гарантира нивната одржливост во иднина.
.
.
Мај 24, 2022 Вести
Вчера попладне околу 16:30 часот на магистрален пат А-4 Струмица - Ново Село во селото Дабиле се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно в...
Мај 24, 2022 Вести
Општина Струмица синоќа организираше свеченост по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, на која беа доделе...
Мај 24, 2022 Магазин
Светите браќа Кирил и Методиј се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кири...
Мај 23, 2022 Вести
СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...
Мај 22, 2022 Вести
На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...
Мај 22, 2022 Вести
Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...
Мај 21, 2022 Веб Билборд
Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...
Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...