Денеска е 4 мај, ден кога пред 119 години беше убиен Гоце Делчев

Среда, 04 Мај 2022

Денеска е 4 мај, ден кога пред 119 години беше убиен Гоце Делчев. Сонцето на Македонија.

Преземено од Иван Котев:

На денешен ден пред 119 години во нерамна, но херојска борба со турскиот аскер беше убиен Гоце Делчев, еден од најголемите македонски револуционери, апостол, идеолог и организатор на македонското национално и револуционерно движење при крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век. Војвода на војводите, инспектор на четите, учител и човек кој влевал доверба кај собеседниците и ја добивал нивната доверба. Живеел многу кратко време и не можел да даде сѐ што требало да даде за македонија. Се родил во Кукуш, Егејска Македонија, во 1872 година, а загинал на денешниот ден 1903 година. Краток век за толку силен и надарен човек. Извесно време бил учител во Штип (Ново Село), работа што била параван за неговата вистинска дејност. Неуморно крстарел низ Македонија будејќи го духот на народот и припремајќи го за борба. Тој имал бриљантен ум. Знаел дека неукиот народ треба да се освести, робот да сфати дека не сака да биде роб и дека не е роб. За соработници ги бирал најспособните и најхрабрите. Во своите обиколки низ Македонија не ја одминал ни Струмица. Овде доаѓал во повеќе наврати. Фаќањето на Назл’м бег и барањето откуп со цел да се пополни касата и да се купува оружје била причина повеќе Гоце да престојува во нашиот крај.

Заедно со Ѓорче Петров ги пишуваат нацртите на Уставот и Правилникот на ТМОРО. Со четата крстари низ Македонија и создава силна организациона мрежа.

Гоце Делчев бил против дигање на неподготвено востание и во материјален и во духовен поглед. Одлуката на Солунскиот конгрес силно го вознемирила и Гоце со сите сили се стремел да го одложи востанието. Во тоа не успеал, затоа што на пат за Сер, каде сакал да учествува на Серскиот окружен конгрес, бил убиен во селото Баница, Серско, на четврти мај 1903 година.

Смртта на Гоце силно одекнала не само во Македонија, туку и во светот. Нашиот народ долго време го оплакувал својот апостол, својата надеж, своето сонце...

Неговиот живот е најоплакан живот. Неговата смрт е најопеана смрт. Македонскиот народен гениј повеке песни испеал само за Марко Крале.

Една негова мисла и денеска восхитува со својата актуелност: Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите. Мисла која се вклопува во вечноста.

Еве една песна што ја имам запишано пред педесет години во која се пее за тоа, дека и гората се радувала кога през неа требало да помине војводата над војводите:

Развивај горо зелена,
направи сенка ладена!
Направи сенка ладена,
извади вода студена,
извади вода студена!
Извади вода студена,
през теп ште мине Делчето,
през теп ште мине Гоцето!
През теп ште мине Делчев војвода,
с неговата верна дружина,
с неговата верна избрана.
Ете го Делчев де иде,
наметнал пушка на рамо,
наметнал пушка на рамо.
Наметнал пушка на рамо,
јостегнал сивото којнче,
јстегнал сивото којнче.
Јостегнал сивото којнче,
право си тегле ф Струмица,
право си тегле ф Струмица.
Право си тегле ф Струмица,
ф Струмичкото Поле широко,
ф Струмичкото Поле широко.

Забелешка: Песната е снимена на 6.10.1970 година во с. Куклиш. Пееше Киро Попов, роден 1909 година. Снимил и дешифрирал Иван Котев.
Македонскиот народ во својата колективна меморија го чува ликот и делото на Гоце Делчев, лик кој како златозрачно сонце ќе го топли и подгрева духот на сегашните и на генерациите кои доаѓаат.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигит…

Окт 04, 2022 Вести

Во среда, на 5-ти октомври, со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи отворен едукативен настан на тема „Кариерни...

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир во Србија

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир в…

Окт 04, 2022 Вести

Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“, викендов имаше своја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска...

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичка сила врз лице кое е лишено од слобода

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичк…

Окт 03, 2022 Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник ...

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реонот околу Дрвош

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реон…

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 4 октомври) планира прекин на електричната енергија од 09:30 до 15:00 часот во реонот околу населеното...

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две момчиња, едно од струмичко Ново Село, украле туѓи лични податоци и земале брз кредит. Првопријавениот, М.М.(28) од Прилеп, вработен во финанс...

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалидска количка помина 42 километри на „Скопскиот Маратон 2022“

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалид…

Окт 03, 2022 Вести

Вчера се одржа 18-от „Виз Ер Скопски маратон“ на кој трчаа дури 8500 учесници од 47 држави. Меѓу ова голема бројка на учесници беше и 45-годишниот стр...

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Ap…

Окт 02, 2022 Вести

Вчера и денеска Струмица и СОУ „Димитар Влахов“ беа домаќини на најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“. Првото место за најкреатив...

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрира првиот несовесен граѓанин кој пали отпад

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрир…

Окт 01, 2022 Вести

Општина Босилово од неодамна целосно ја огради депонијата кај Босилово, постави соларни камери, порта за влез-излез на возила за складирање на от...