И денеска свечена литија низ улиците на Струмица со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

Сабота, 30 Април 2022

По утринската Светата Божествена Литургија од пред Црквата „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама“ иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка, која вчера беше изнесена од Црквата „Свети Петнаесет“, денеска продолжи со свечена литија низ улиците на Струмица до плоштадот „Гоце Делчев“.

Пред поголем број верници на плоштадот се одржа молитвословие, а во присуство на митрополитот Брегалнички Иларион и свештеници, поздравно слово одржа Викарниот епископ Јаков Стобиски.

„Не се собиравме денеска да ја прославуваме или чест да ѝ укажуваме, бидејќи таа нема потреба од тоа, туку се собравме да се заблагодариме за нејзините чуда и грижа за сите нас, тука сме да ја замолиме и поканиме да влезе во нашиот живот и нашите срца и да не научи како тоа се прави, бидејќи таа најдобро го знае тоа, бидејќи пред да го роди Бог го прими во своето срце“ - кажа епископот Јаков Стобиски.

По свеченоста, иконата беше вратена и оставена во Црквата „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама“ за поклонение на верниците во наредните денови, а потоа пак ќе биде вратена во „Свети Петнаесет“.

Во март 2017-та година, од Света Гора, иконата беше донесена во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, како подарок на градот Струмица од светиот игумен на Свештената Обител Дохијар, Старец Григориј со своето во Христа братство, во знак на спомен на чудото што Пресветата Владичица наша Богородица го направила во 2016-та година над 18-годишно немо момче од Струмица, враќајќи му го говорот во целост.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигит…

Окт 04, 2022 Вести

Во среда, на 5-ти октомври, со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи отворен едукативен настан на тема „Кариерни...

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир во Србија

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир в…

Окт 04, 2022 Вести

Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“, викендов имаше своја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска...

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичка сила врз лице кое е лишено од слобода

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичк…

Окт 03, 2022 Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник ...

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реонот околу Дрвош

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реон…

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 4 октомври) планира прекин на електричната енергија од 09:30 до 15:00 часот во реонот околу населеното...

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две момчиња, едно од струмичко Ново Село, украле туѓи лични податоци и земале брз кредит. Првопријавениот, М.М.(28) од Прилеп, вработен во финанс...

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалидска количка помина 42 километри на „Скопскиот Маратон 2022“

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалид…

Окт 03, 2022 Вести

Вчера се одржа 18-от „Виз Ер Скопски маратон“ на кој трчаа дури 8500 учесници од 47 држави. Меѓу ова голема бројка на учесници беше и 45-годишниот стр...

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Ap…

Окт 02, 2022 Вести

Вчера и денеска Струмица и СОУ „Димитар Влахов“ беа домаќини на најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“. Првото место за најкреатив...

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрира првиот несовесен граѓанин кој пали отпад

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрир…

Окт 01, 2022 Вести

Општина Босилово од неодамна целосно ја огради депонијата кај Босилово, постави соларни камери, порта за влез-излез на возила за складирање на от...