Младите струмичани „се бореа“ со полицајците, научија вештини за алпинистичко спуштање – презентација на специјалните единици на МВР во Струмица

Сабота, 30 Април 2022

Под мотото „МВР за граѓаните“, денеска во големиот Градски парк во Струмица се одржа свеченост во пресрет на Денот на македонската полиција - 7 Мај, со која се демонстрираше концептот „Полицијата во служба на граѓаните“.

Показни вежби на Единицата за брзо распоредување со кои прикажаа боречки вештини и техники за самоодбрана, а припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар”, од специјализираниот алпинистички тим со вештини за алпинистичко спуштање. Најмногу уживаа децата, и тие пробаа да се спуштат низ јаже, да се качуваат и спуштаат на дрво, „се бореа“ со полицајците, научија да стрелат „со пушка“. Имаше и прелет на хеликоптер над градот кој се спушти во струмичкиот парк, презентација на дел од специјалните возила. Граѓаните можеа одблизу да се запознаат со работењето на полициските служби, нивните задачи, униформи, опрема и се што значи унапредување на капацитетите на полицијата.

Целта е полицијата да биде заедно со граѓаните и да се демонстрира партнерството започнато во 2017 година, кое во континуитет се унапредува.

На свеченоста во Струмица присуствуваше Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, а свечености беа одржани и во Крива Паланка, Струга, Велес и Крушево.

„Ваквото малку поразлично чествување на Денот на македонската полиција претставува и одлична можност за едно порелаксирано дружење на нашите граѓани со припадниците од сите организациони единици на полицијата, кое покрај забавниот има и едукативен карактер во врска со полициската професија, а во интерес на сите генерации. Ова раководство на МВР секогаш ќе биде во служба на граѓаните, демонстрирајќи дека севкупната безбедност претставува врвен приоритет“ - кажа министерот Спасовски пред присутните граѓани и медиумите во Струмица, давајќи осврт на сработеното во изминатиот период во насока на остварување на приоритетот - задоволна полиција за безбедни граѓани.

„Ќе се согласите со мене дека е невозможно да дискутираме за партнерство меѓу граѓаните и полицијата, без тоа партнерство да го промовираме на терен. Целта е нашите граѓани одблиску да се запознаат со работењето на полициските служби, нивните задачи, униформи, опрема, со сето она што значи индикатор на успех на нашиот план за континуирано материјално-техничко опремување и унапредување на капацитетите на полицијата”, кажа министерот Спасовски.

Министерот Спасовски во свое и во име на раководството на МВР во оваа пригода ги покани граѓаните да бидат дел и од централната манифестација на 7 мај на Градскиот плоштад во Делчево, со почеток од 12:30 часот, која ќе може да се проследи и во живо на програмата на МРТВ.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигит…

Окт 04, 2022 Вести

Во среда, на 5-ти октомври, со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи отворен едукативен настан на тема „Кариерни...

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир во Србија

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир в…

Окт 04, 2022 Вести

Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“, викендов имаше своја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска...

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичка сила врз лице кое е лишено од слобода

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичк…

Окт 03, 2022 Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник ...

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реонот околу Дрвош

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реон…

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 4 октомври) планира прекин на електричната енергија од 09:30 до 15:00 часот во реонот околу населеното...

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две момчиња, едно од струмичко Ново Село, украле туѓи лични податоци и земале брз кредит. Првопријавениот, М.М.(28) од Прилеп, вработен во финанс...

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалидска количка помина 42 километри на „Скопскиот Маратон 2022“

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалид…

Окт 03, 2022 Вести

Вчера се одржа 18-от „Виз Ер Скопски маратон“ на кој трчаа дури 8500 учесници од 47 држави. Меѓу ова голема бројка на учесници беше и 45-годишниот стр...

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Ap…

Окт 02, 2022 Вести

Вчера и денеска Струмица и СОУ „Димитар Влахов“ беа домаќини на најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“. Првото место за најкреатив...

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрира првиот несовесен граѓанин кој пали отпад

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрир…

Окт 01, 2022 Вести

Општина Босилово од неодамна целосно ја огради депонијата кај Босилово, постави соларни камери, порта за влез-излез на возила за складирање на от...