Вања Изова Велева ја промовираше својата десетта книга со поезија – „Место за бегство“

Петок, 29 Април 2022

Струмичанката Вања Изова Велева синоќа во Градската Уметничка Галерија во Струмица ја промовираше својата десетта книга со поезија насловена „Место за бегство“ во издание на Издавачката куќа „Паблишер“.

Најголемата вредност на збирката на Вања Изова Велева е отсуството, или сериозно редуцираното присуство на негативна енергија во авторскиот исказ. Тоа отсуство на негацијата, замената на НЕ со ДА, е вредност која како да ја подзаборавивме. „Место за бегство“ за Вања Изова Велева не е малодушна, плачлива сага за тоа колку стварноста /животот/ поетската апстракција се темни и против сè и секого. Не. Тоа е приказна за цврстината на Жената/Човекот да се справи со предизвикот преку одлучната решеност, преку светлината и оптимизмот.

Одлика на поезијата на Вања Изова Велева е искрената лиричност на исказот. Нејзината поезија е искрена и топла, лирична и лелеава. Таа ја има способноста да создаде комплексни, слоевити поетски дискурси со употреба на едноставни, секојдневни лексеми.

Вања Изова Велева е македонска поетеса, есеист, публицист од Струмица. Дипломирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата Македонска книжевност со Јужнословенски книжевности. Магистрирала на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на студиската програма за постдипломски студии под наслов Културолошки студии во книжевноста, и се здобила со звање магистер по културологија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1995 година. Ги објавила книгите поезија: „Вентил во постоењето“ (1993), „Смртта на рибата“ (1995), „Зашиени грла“ (1997), „Правта не зборува“ (2002), „Плач во кутија“ (2007), „Бездна угоре“ (2010), „Позајмена прашина“ (2013), „Безмалку“ (2016), „Чекор по жица“ (2017) и последната „Место за бегство“ (2021).

Автор е и на прозните записи „Неколку легенди за Струма“ (2011) и на книгата „Жената и каменот“ (2013), како магистерски труд. Коавтор е на монографското издание „Чекори по ѕвездените штици“. Застапена е во повеќе антологии. Дел од нејзината поезија е препеана на англиски, француски, српски, словенечки, шпански, бугарски, полски и руски јазик.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и опрема од Дирекцијата за заштита и спасување

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и о…

Сеп 30, 2022 Вести

Денеска 14 нови возила со водена пумпа за гасење пожари добија Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, К...

Се бара возач за такси автомобил

Се бара возач за такси автомобил

Сеп 30, 2022 Веб Билборд

Се бара возач за такси автомобил за во Струмица и регионот. Кандидатот да има положено најмалку за „Б“ категорија. Пријавување и повеќе информации на:...

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу покриениот дел на каналот „Крушевска Република“

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу пок…

Сеп 30, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

За сите граѓани коишто живеат покрај каналот „Крушевска Република“ во градот Струмица, особено оние околу покриениот дел, градоначалникот Костадин Кос...

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализација на „Младинска“

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализац…

Сеп 30, 2022 Вести

ЈПКД „Комуналец“ почна со реализацијата на најавениот проект за реконструкција на постојната и изградба на нова атмосферска канализација на улицата „М...

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за македонскиот фудбал

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за…

Сеп 29, 2022 Вести

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда Горан Пандев, деновиве објави крај на активната кариера, но не мирува и работи на нов проект за доброто ...

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дукатино, Радичево и Сушево

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дука…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 30 септември), во периодот од 09:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат: Но...

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно лице

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно ли…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вчера, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.З.(40) од село Босилово, струмичко. При претрес на негови...

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за комунални услуги

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за ком…

Сеп 28, 2022 Вести

На денешната седница на Советот на општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов на советничко прашање кажа дека за струмичани нема да има пок...