Советот на општина Струмица направи ребаланс на буџетот за 2022 година

Четврток, 28 Април 2022

Советот на општина Струмица ја одржа 9-та седница на која главна точка беше ребалансот на буџетот за 2022 година, а го образложи градоначалникот Костадин Костадинов.

Со предложениот ребаланс планираните приходи на општината од 1.339.558.259 денари се зголемуваат на 1.403.554.052 денари, а се зголемува и расходниот дел со зголемување на одделни ставки кои се содржани во буџетските програми.

„Потребата од ова измена и дополнување на буџетот за 2022 година се наметна поради доставените барања на буџетските корисници, пред се буџетските корисници кои се финансираат од блок дотации и донации за нивно непречено работење и со наметнување на некои нови приоритети на граѓаните кои произлегуваат од енергетската криза, а за кои неопходно е усогласување на донесените буџетски програми“ – кажа градоначалникот Костадинов.

Советниците на седницата донесоа и измени на неколку Програми за активностите на Општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот, меѓународната соработка, измени на Програми за уредување на градежното земјиште, за изградба и одржување на јавното осветлување, за заштитата на животната средина, како и измени на Програмите во областа на културата, во образованието и во социјалната заштита и заштитата на децата.

Советот на општина Струмица го донесе Статутот на новото Јавно претпријатие за заловување на бездомни кучиња „Стационар-Лана“ Струмица и Програмата за хуман третман и благосостојба на бездомни кучиња на ова јавно претпријатие за 2022 година, кое со изборот на членови на управниот и надзорниот одбор на една од претходните седници и именувањето на првиот директор, Сузана Манолиоу ставено е во функција на извршување на своите јавни обврски со кучињата скитници.

Советниците ја прифатија одлуката на Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за отстапување на моторно возило – Автосмеќар на Општина Босилово за извршување на секојдневните обврски на јавното комунално претпријатие „Огражден“.

Советот ги прифати годишните извештаи на јавните претпријатија „Паркиралишта Струмица“ и „Комуналец“, како и годишните сметки на сите основни и средни општински училишта на територијата на општина Струмица за 2021 година.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигит…

Окт 04, 2022 Вести

Во среда, на 5-ти октомври, со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи отворен едукативен настан на тема „Кариерни...

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир во Србија

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир в…

Окт 04, 2022 Вести

Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“, викендов имаше своја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска...

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичка сила врз лице кое е лишено од слобода

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичк…

Окт 03, 2022 Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник ...

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реонот околу Дрвош

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реон…

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 4 октомври) планира прекин на електричната енергија од 09:30 до 15:00 часот во реонот околу населеното...

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две момчиња, едно од струмичко Ново Село, украле туѓи лични податоци и земале брз кредит. Првопријавениот, М.М.(28) од Прилеп, вработен во финанс...

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалидска количка помина 42 километри на „Скопскиот Маратон 2022“

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалид…

Окт 03, 2022 Вести

Вчера се одржа 18-от „Виз Ер Скопски маратон“ на кој трчаа дури 8500 учесници од 47 држави. Меѓу ова голема бројка на учесници беше и 45-годишниот стр...

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Ap…

Окт 02, 2022 Вести

Вчера и денеска Струмица и СОУ „Димитар Влахов“ беа домаќини на најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“. Првото место за најкреатив...

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрира првиот несовесен граѓанин кој пали отпад

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрир…

Окт 01, 2022 Вести

Општина Босилово од неодамна целосно ја огради депонијата кај Босилово, постави соларни камери, порта за влез-излез на возила за складирање на от...