Заев ја критикува ЕУ: Променете го начинот на носење одлуки, европската идеја не смее да дозволи национализмот да става вето врз слободата

Среда, 27 Април 2022

Струмица денеска беше домаќин на втората Конференција на тема: „Европски Суверенитет“, што ја организирше Амбасадата на Франција во Македонија во рамките на Француското претседателство со Советот на Европа.

Посилна, посуверена и пообединета Европа беше еден од приоритетите на конференцијата на која учествуваа амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, поранешниот претседател на Владата, Зоран Заев, претседателот на Европското движење во Франција, Ив Бертончини и многу други гости.

Поранешниот премиер Зоран Заев во своето обраќање со критики до Европската унија и начинот на одлучување, ставањето вето кон земји кандидати и уценувањето кон нив за ирационални и националистички теми, од кои, како што кажа, лидерите на ЕУ треба да се одважат по овие прашања и да преземат политичко лидерство.

„Ја прашувам ЕУ, од мојата европска Струмица која се граничи со Грција и со Бугарија. Дали ваквиот начин на одлучување во Унијата, при што една земја членка блокира цел регион од крајно ирационални и националистички причини, е механизам со кој се развива европската идеја? Ако не е, а знам дека не е, тогаш променете го начинот на носење одлуки. ЕУ мора да дејствува во сопствена корист, во корист на европската идеја која по дефиниција е либерална, отворена, широка. Европската идеја не смее да остане уценета од национализмот. ЕУ не смее да дозволи национализмот да става вето врз слободата. Ова е време кога лидерите на ЕУ треба да се одважат по овие прашања и да преземат политичко лидерство – онака како што тоа го правеа основачите на ЕУ. Треба да ни е јасно на сите дека доколку основачите на ЕУ калкулираа со сопствените рејтинзи, тогаш ЕУ немаше ни да се создаде. Политичката храброст вреди. Таа е носител на промените. Ете го Договорот од Преспа како доказ дека политичката храброст вреди“ – кажа Заев.

Тој смета дека руската агресија врз Украина е причината зошто ЕУ мора да ги реши сите отворени прашања во регионот, особено нашето, македонско прашање. Како што кажа, не постои оправдување за ниту една цивилна жртва во Украина, не постои оправдување за украинските деца, кои со огромна грижа бараат безбеден дом насекаде низ Европа, а нема да постои оправдување и доколку падне проектил врз спомен куќата на Крсте Петков Мисирков во Одеса.

Амбасадорот на Франција во нашата држава, Сирил Бомгартнер, се осврна на спроведувањето на санкциите од ЕУ кон Русија, но и нивното влијание врз земјите кои ги спроведуваат санкциите.

„Има и едно друго прашање во однос со недиректното интервенирање на европејците и целиот западен свет во украинскиот ‘театар’ и мислам дека сите знаат доколку одлучиме да го преземеме тој чекор ќе се најдеме во нешто што ќе биде многу поразорувачко од тоа што е денес. И затоа, прашањето воопштио не е едноставно“- кажа францускиот амбасадор.

Во однос на отворањето на пристапните преговори Бомгартнер смета дека сите се посветени на нивно што побрзо почнување, но за францското претседателство со ЕУ важни се и други прашања и затоа одлучиле да организираат повеќе конференции како денешната, која се одржува во Струмица, надвор од главниот град.

На денешниот настан во Струмица говореа и Ив Бертончини, претседател на Европското движење во Франција, Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност во Скопје, Милева Ѓуровска од Европското движење во Северна Македонија и Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика – Скопје, а присутните ги поздрави и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигит…

Окт 04, 2022 Вести

Во среда, на 5-ти октомври, со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи отворен едукативен настан на тема „Кариерни...

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир во Србија

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир в…

Окт 04, 2022 Вести

Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“, викендов имаше своја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска...

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичка сила врз лице кое е лишено од слобода

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичк…

Окт 03, 2022 Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник ...

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реонот околу Дрвош

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реон…

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 4 октомври) планира прекин на електричната енергија од 09:30 до 15:00 часот во реонот околу населеното...

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две момчиња, едно од струмичко Ново Село, украле туѓи лични податоци и земале брз кредит. Првопријавениот, М.М.(28) од Прилеп, вработен во финанс...

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалидска количка помина 42 километри на „Скопскиот Маратон 2022“

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалид…

Окт 03, 2022 Вести

Вчера се одржа 18-от „Виз Ер Скопски маратон“ на кој трчаа дури 8500 учесници од 47 држави. Меѓу ова голема бројка на учесници беше и 45-годишниот стр...

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Ap…

Окт 02, 2022 Вести

Вчера и денеска Струмица и СОУ „Димитар Влахов“ беа домаќини на најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“. Првото место за најкреатив...

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрира првиот несовесен граѓанин кој пали отпад

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрир…

Окт 01, 2022 Вести

Општина Босилово од неодамна целосно ја огради депонијата кај Босилово, постави соларни камери, порта за влез-излез на возила за складирање на от...