Преку фотографиите на Александар Дончев во древниот град Ерусалим

Вторник, 26 Април 2022

Изложба на фотографии од Ерусалим направени од познатиот струмички фотограф Александар Дончев во 2018 и 2019 година, беше поставена во Градската Уметничка галерија во Струмица. Фотографии од свети места и градби кои се најзначајни за христијаните.

Преку фотографиите на Александар, струмичани имаа можност да се прошетат низ улиците на древниот град Ерусалим. Некои и биле таму, па преку фотографиите се потсеќаа на местата што ги посетиле, им раскажуваа на пријателите околу нив за доживувањата.

„Овој фото-аџилак беше поклоничко патување кое требаше дополнително да ме зацврсти во верата или можеби да ме разубеди, додека направените фотографии беа само белешки, само трошки кои ги оставав зад себе по патот, со надеж дека по нив пак ќе се вратам еден ден, дека повторно ќе ме донесат кон тие извори на чувства и камења полни живот и приказни“ – кажа Александар.

Меѓу многуте пријатели, соработници, колеги на Александар, беа и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов кој финансиски ја поддржа ова изложба и Викарниот Епископ г. Јаков Стобиски од Струмичката Епархија, кој говореше и за својата прва посета на местото каде е гробот на Исус Христос, за градот Ерусалим и неговото постоење.

Во Градската Уметничка галерија беше поставена и кутија за донации на фондацијата „Елеуса“, а собраните средства од донациите и од продажбата на некои од изложените фотографии на Александар ќе се насочат директно за помагање на семејства и лица на кои им е потребна финансиска помош.

Изложбата „Ерусалим“ ја организираше Здружението за развој и афирмација на визуалнатa култура и уметност „КАДРО“ од Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигит…

Окт 04, 2022 Вести

Во среда, на 5-ти октомври, со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи отворен едукативен настан на тема „Кариерни...

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир во Србија

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир в…

Окт 04, 2022 Вести

Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“, викендов имаше своја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска...

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичка сила врз лице кое е лишено од слобода

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичк…

Окт 03, 2022 Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник ...

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реонот околу Дрвош

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реон…

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 4 октомври) планира прекин на електричната енергија од 09:30 до 15:00 часот во реонот околу населеното...

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две момчиња, едно од струмичко Ново Село, украле туѓи лични податоци и земале брз кредит. Првопријавениот, М.М.(28) од Прилеп, вработен во финанс...

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалидска количка помина 42 километри на „Скопскиот Маратон 2022“

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалид…

Окт 03, 2022 Вести

Вчера се одржа 18-от „Виз Ер Скопски маратон“ на кој трчаа дури 8500 учесници од 47 држави. Меѓу ова голема бројка на учесници беше и 45-годишниот стр...

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Ap…

Окт 02, 2022 Вести

Вчера и денеска Струмица и СОУ „Димитар Влахов“ беа домаќини на најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“. Првото место за најкреатив...

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрира првиот несовесен граѓанин кој пали отпад

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрир…

Окт 01, 2022 Вести

Општина Босилово од неодамна целосно ја огради депонијата кај Босилово, постави соларни камери, порта за влез-излез на возила за складирање на от...