Почина Мирчо Чуков од „Интервали“

Понеделник, 25 Април 2022

Денеска попладне на 64-годишна возраст ненадејно почина Мирчо Чуков, познатиот вокал и клавијатурист на легендарната музичка група „Интервали“ од Струмица.

Мирчо Чуков е роден на 25 ноември 1957 година во струмичко Ново Село. Тој и Снежана Момчиловиќ, како вокали се придружуваат на македонската музичка поп група „Интервали“ во 1982 година, а веќе во 1984 година ја снимат првата песна за продукцијата на Радио Телевизија Скопје насловена „Венчавка“.

Во 1986 година учествуваат на Југословенските денови на поп-музиката во организација на Југословенската радио-телелвизија со композицијата „Не сум јас оној принц“, чиј комплетен автор е Славе Димитров. Истата година учествуваат на „ТВ Спот Фест“ со песната „Ти имаш небо“, а во 1987 година победуваат на истиот фестивал со песната „Дај, поведи ме“. На „Ваш шлагер сезоне“ во Сараево, во 1988 година настапуваат со песната „Немој да ме будиш“ (Nemoj me buditi), а двапати на југословенскиот избор за Песна за Евровизија, и тоа во 1989 година со песната „Оган гори“, заедно со Здравко Шкендер и во 1990 година со песната „Како магија“.

„Интервали“ беа дел и од почетоците на фестивалот на македонски забавни мелодии „Макфест“, а во септември минатата година, го имаа своето десетто јубилејно учество на овој фестивал.

Својот прв носач на звук го издаваат во 1991 година и оттогаш започнува нивната соработка со Љупчо Мирковски со кој настапуваат на „Интерфест Битола“, „Скопскиот фестивал“, „Еврофест“, „Охрид фест“… Подоцна издаваат и две ЦД-компилации со свои хитови.

Во 2009 година Мирчо Чуков реализира соло проект со традиционални македонски народни песни.

Групата „Интервали“ во 2012 година го издава и последниот албум.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигит…

Окт 04, 2022 Вести

Во среда, на 5-ти октомври, со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи отворен едукативен настан на тема „Кариерни...

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир во Србија

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир в…

Окт 04, 2022 Вести

Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“, викендов имаше своја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска...

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичка сила врз лице кое е лишено од слобода

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичк…

Окт 03, 2022 Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник ...

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реонот околу Дрвош

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реон…

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 4 октомври) планира прекин на електричната енергија од 09:30 до 15:00 часот во реонот околу населеното...

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две момчиња, едно од струмичко Ново Село, украле туѓи лични податоци и земале брз кредит. Првопријавениот, М.М.(28) од Прилеп, вработен во финанс...

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалидска количка помина 42 километри на „Скопскиот Маратон 2022“

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалид…

Окт 03, 2022 Вести

Вчера се одржа 18-от „Виз Ер Скопски маратон“ на кој трчаа дури 8500 учесници од 47 држави. Меѓу ова голема бројка на учесници беше и 45-годишниот стр...

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Ap…

Окт 02, 2022 Вести

Вчера и денеска Струмица и СОУ „Димитар Влахов“ беа домаќини на најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“. Првото место за најкреатив...

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрира првиот несовесен граѓанин кој пали отпад

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрир…

Окт 01, 2022 Вести

Општина Босилово од неодамна целосно ја огради депонијата кај Босилово, постави соларни камери, порта за влез-излез на возила за складирање на от...