Веста за Христовото воскресение синоќа на полноќ во Струмица ја соопштија Епископот Јаков и Владиката Киро Стојанов

Недела, 24 Април 2022

Православните и католичките верници од Струмица го започнаа славењето на Христовото воскресение, најголемиот и најрадосниот празник, кој според христијанското учење ја симболизира победата на животот над смртта.

На полноќ, во Струмица, веста за Христовото воскресение ја објавија Викарниот Епископ г. Јаков Стобиски со свештениците на богослужба што се одржа во црквата „Свети Кирил и Методиј“ на Македонската Православна Црква и Н.В.П. монс. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх во Католичката Катедрала „Успение на Пресвета Богородица“.

Христовото воскресение верниците го дочекаа со запалени свеќи во рацете, со молитви за здравје и благосостојба, со кршење со велигденски јајца и со традиционалниот поздрав Христос воскресна - Навистина воскресна.

Празникот на Христовото воскресение - Велигден е празник на љубовта и мирот, триумф на животот над смртта, на доброто над злото и ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување и ја докажал божествената моќ.

Велигден е главен Христијански празник, прв и најстар од сите христијански празници, основа на христијанската црковна година.

За Велигден се вапсуваат црвени јајца кои христијаните меѓусебно си ги подаруваат честитајќи си го празникот. Црвената боја е симбол на радоста, а јајцето симбол на животот. Како што од јајцето се раѓа живот, така Исус воскресна од гробот.

На Велигден христијаните се поздравуваат со зборовите: „Христос Воскресна – Навистина Воскресна“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и опрема од Дирекцијата за заштита и спасување

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и о…

Сеп 30, 2022 Вести

Денеска 14 нови возила со водена пумпа за гасење пожари добија Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, К...

Се бара возач за такси автомобил

Се бара возач за такси автомобил

Сеп 30, 2022 Веб Билборд

Се бара возач за такси автомобил за во Струмица и регионот. Кандидатот да има положено најмалку за „Б“ категорија. Пријавување и повеќе информации на:...

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу покриениот дел на каналот „Крушевска Република“

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу пок…

Сеп 30, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

За сите граѓани коишто живеат покрај каналот „Крушевска Република“ во градот Струмица, особено оние околу покриениот дел, градоначалникот Костадин Кос...

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализација на „Младинска“

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализац…

Сеп 30, 2022 Вести

ЈПКД „Комуналец“ почна со реализацијата на најавениот проект за реконструкција на постојната и изградба на нова атмосферска канализација на улицата „М...

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за македонскиот фудбал

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за…

Сеп 29, 2022 Вести

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда Горан Пандев, деновиве објави крај на активната кариера, но не мирува и работи на нов проект за доброто ...

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дукатино, Радичево и Сушево

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дука…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 30 септември), во периодот од 09:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат: Но...

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно лице

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно ли…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вчера, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.З.(40) од село Босилово, струмичко. При претрес на негови...

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за комунални услуги

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за ком…

Сеп 28, 2022 Вести

На денешната седница на Советот на општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов на советничко прашање кажа дека за струмичани нема да има пок...